Една работа со која сами си го уништувате животот, според месецот на раѓање
Ако сте родени во февруари, она што најмногу ве кочи е тоа што живеете во минатото. Ова не ви дозволува да ги видите убавите работи што ви се случуваат, па самите си го уништувате животот.

Сите имаме некоја особина која може да ни создаде многу проблеми во животот.
Проблемот е што некогаш не сме воопшто свесни која е оваа наша особина, па не ни знаеме дека самите си создаваме пречки.
Што ве кочи во животот, според месецот во којшто сте родени?
Јануари
Му дозволувате на стравот да ве кочи.
Кога дозволувате стравот да ве кочи, ги пропуштате најдобрите можности во животот.
Да, страшно е да зачекорите кон нешто непознато или да ја напуштите вашата зона на комфор.
Но, многу пострашно е цел живот да стоите во место и да не се ни обидете да ги реализирате вашите желби и цели.
Февруари
Постојано живеете во минатото.
Кога постојано гледате кон минатото, почнувате да се убедувате дека е многу поубаво отколку што навистина било.
Го споредувате со сегашноста, а сегашноста, пак, ја цените дури кога ќе стане минато.
Со ова се заглавувате во циклус кој не ви дозволува да ги видите убавите работи што ви се случуваат сега.
Март
Им давате безброј шанси на луѓе кои не ве заслужуваат.
Сакате да го гледате најдоброто кај сите, па се уверувате дека секој има добра намера.
Вие сте премногу добра личност, но токму ова некогаш ве кочи во животот.
Па, можеби е време да престанете да им давате шанса на луѓето кои одново и одново ве повредуваат.
Април
Вие сте вашиот најголем непријател и критичар.
Добро е да бидете свесни за вашите недостатоци и грешки за да можете да работите на нив.
Но, воопшто не ви е од корист ако ја критикувате секоја ваша постапка и ако самите се осудувате и за најмалата грешка.
Кога си поставувате нереални стандарди, тешко дека некогаш ќе ги достигнете.
Мај
Другите луѓе секогаш ви се приоритет.
Вие сте личност која не сака да ги разочара другите. Па, поради ова туѓите потреби и желби секогаш ви се приоритет.
Кога не обрнувате внимание на она што вам ви треба, нормално дека ќе стоите во место и ќе се чувствувате заглавено.
Јуни
Се помирувате со помалку од она што заслужувате.
Не дека не знаете што заслужувате, но вам ви е страв дека ќе го изгубите она што веќе го имате, дури и ако сте свесни дека не е добро за вас.
Не сакате да бидете разочарани, па се убедувате дека секогаш може да биде и полошо.
Со ваквиот став самите си го уништувате животот бидејќи не си давате шанса за среќа.