Една работа со која сами си го уништувате животот, според месецот на раѓање

Јули
Им се враќате на луѓето кои ве повредиле.
Нормално е некогаш да бидете повредени, па и вие да ги повредите саканите.
Но, вашиот проблем е што им се враќате на луѓе кои свесно и намерно ве повредуваат.
Сакате да мислите дека можат да се променат, па упорно им простувате.
Но, реалноста е дека некои луѓе, едноставно, не можат да се променат и не вреди да страдате за нив.
Август
Не си дозволувате да уживате.
Имате навика постојано да правите планови, да се организирате и да се подготвувате за иднината.
Проблемот е што додека го правите сето ова, заборавате да живеете и да уживате.
Толку многу сте фокусирани на она што ќе се случи утре, следната недела или следната година, што не си давате ни можност да ја почувствувате сегашноста.
Септември
Го споредувате вашиот живот со животот на другите.
Живееме во време кога стана норма да се споредуваме со другите, најмногу благодарение на социјалните мрежи.
Но, мора да сфатите дека ова не е натпревар и не треба да бидете подобри од сите други.
Наместо да се споредувате со другите, фокусирајте се на тоа да се подобрите, и тоа за себе, а не за некој друг.
Октомври
Постојано се изолирате.
Си ја цените вашата приватност, но истовремено ви е страв да бидете и ранливи.
Па, поради ова, неретко настојувате да се изолирате од сите, дури и саканите.
Кога постојано го оттурнувате другите од себе не се штитите, туку напротив, самите си создавате пречки во животот.
Ноември
Премногу сте негативни.
Негативноста може да ви уништи сè, а вие сте личност која доста често е негативна.
Проблемот е што кога не ви се допаѓа нешто, не пробувате да го промените или да најдете решение, туку се фокусирате само на тоа дека ви е лошо.
Со ваквиот начин на размислување, никогаш нема да излезете од положбата што не ви се допаѓа.
Декември
Не знаете да простите.
Вие не знаете да простите и да заборавите.
Дури и кога ќе речете дека простувате, ова не е воопшто точно и можете со години да чувствувате презир и омраза кон оној ви згрешил.
Во ред е да се дистанцирате од луѓето кои ве повредиле, но не мора да ја трошите целата енергија на омраза кон нив.
Спирова С. | Црнобело