Љубовен хороскоп за март 2026: Риби – финансиските проблеми ќе се одразат на односот со партнерот

Водолии, првата половина од месецот може да биде напната, но подоцна ситуацијата ќе биде посмирена. Во втората половина од месецот може да ве загрижуваат финансиите на партнерот кои ќе имаат директно влијание врз вас.

ljuboven-horoskop-za-mart-2026-ribi-finansiskite-problemi-kje-se-odrazat-na-odnosot-so-partnerot-01.jpg

За некои хороскопски знаци, март ќе донесе хармонија во односот со партнерот, но за други месецот ќе биде одбележан со конфликти и проблеми.

Оние кои се сингл главно ќе имаат многу нови шанси за љубов, но ќе треба и внимателно да ги избираат потенцијалните партнери.

Што ве очекува на љубовен план во месец март, според астрологијата?

Овен

Ако сте во врска

Партнерот ќе биде многу подиректен со вас, но истовремено ќе покажува и повеќе страст.

Во текот на март најголем проблем ќе биде тоа што премногу ќе се фокусирате на работата и на партнерот ќе му се чини како да се затворате пред него.

Ова нема да му се допаѓа и може да биде причина за конфликт.

Ако бидете трпеливи, до крајот на месецот би требало да го средите односот со партнерот.

Ако сте слободни

Веројатно ќе си го промените мислењето за некоја личност што ви се допаѓа, најмногу бидејќи ќе чувствувате притисок од нејзина страна.

Па, размислете дали вреди да си го трошите времето за неа.

Можете да очекувате голем пресврт на поле љубов и промена што ќе ви се допадне.

Кон крајот на месецот ќе можете да си остварите некоја желба, а сосема возможно е да почне да ви се додворува личност од деловно опкружување.

До почетокот на април, големи се шансите да почнете нова врска.

Бик

Ако сте во врска

Најверојатно ќе треба да бидете разделени од партнерот поголем дел од месецот. Едниот од вас можеби ќе треба да оди на деловно патување, а и на двајцата ќе ви биде тешка оваа разделба, иако нема да биде долга.

Во заедничките мигови што ќе ги имате во март, важно ќе биде да му обрнувате повеќе внимание на партнерот за да ги избегнете конфликтите.

На партнерот ќе му треба вашата несебична поддршка, особено ако минува низ кризен период.

До крајот на месецот ситуацијата значително ќе се подобри за вас двајцата.

Ако сте слободни

Можно е да почнете тајна врска со личност која веќе подолго време ви е опсесија.

Нема да ви недостасуваат додворувачи, особено ако сте женско, и на мигови може дури да ви делуваат и нападни.

Во втората половина од месецот ќе бидете позаинтересирани за нешто сериозно, па можно е да почнете нова врска.

Сепак, ќе биде добро да не брзате и да си дадете време добро да ја запознаете оваа личност.

Близнаци

Ако сте во врска

Ова ќе биде особено важен месец за вашиот љубовен живот. Врската со партнерот ќе стане многу постабилна и ќе се чувствувате како да ја имате неговата безусловна поддршка.

Некои Близнаци можно е да ја крунисаат врската со брак.

Доколку веќе сте во брак, имајте на ум дека можно е да се соочите со расправи и конфликти кои ќе биде важно да ги решавате веднаш и да не дозволите да ескалираат.

Ако останете смирени, лесно ќе ставите крај на конфликтите.

Ако сте слободни

Март ви носи многу нови познанства и можности за флерт и дефинитивно нема да ви биде здодевно.

Ќе знаете како да го искористите својот шарм, а и ќе сакате да посветите внимание на личност што одамна ви се додворува.

Може да ви се служи и филмска љубов ако одите на некое патување, а оваа средба ќе има потенцијал да се претвори во нешто повеќе.

Рак

Ако сте во врска

Овој месец може да донесе влошување на односот со партнерот или да почувствувате дека нема рамнотежа во вашиот однос.

Ќе биде нагласена потребата за доминација, но со искрен разговор, би требало да најдете заеднички јазик.

Ако сте во брак или подолга врска, ве очекува помонотон период, па ќе биде важно да ја вратите страста меѓу вас и да наоѓате повеќе време за заеднички активности.

Ако сте слободни

Доколку сте сингл подолг период, пробајте да ги забележите тајните сигнали што ви ги праќа некоја личност.

Сосема возможно е да влезете во нова врска, а можно е да имате и кратки авантури со неколку личности што ви се допаѓаат

Би требало да бидете поотворени со искажувањето на вашите емоции, особено ако сакате да го промените сингл статусот.

До крајот на месецот можно е познанство со амбициозна личност која веднаш ќе ви се допадне, но истовремено постои можност да обновите некоја стара љубов.

Лав

Ако сте во врска

Ако криете нешто од партнерот, овој месец тоа може да ви создаде сериозни проблеми.

Доколку сте искрени, тогаш ве очекува мошне страстен период кој ќе ви помогне да го зајакнете односот со партнерот.

Втората половина од месецот ќе биде уште подобра и ќе се чувствувате вљубено како на почетокот од врската.

Иако може да се јават мали сомнежи кон партнерот, брзо ќе се ослободите од нив бидејќи ќе сфатите дека се неосновани.

Ако сте слободни

Ќе почне да ве привлекува личност која повремено ја гледате во деловно опкружување. Чувствата ќе бидат обострани, па постои можност да почнете врска.

Нема да ви биде тешко да ги заведувате личностите што ви се допаѓаат, но нема да сакате да брзате.

Сепак, кон крајот на месецот веројатно ќе бидете под притисок да направите избор, а оваа одлука ќе биде важна бидејќи ќе има големо влијание врз вашата иднина.

Девица

Ако сте во врска

На почетокот од месецот партнерот може да има поголемо влијание врз вашите одлуки, а ова ќе се одрази на вашиот однос.

Доколу сте во подолга врска или брак, ќе се појави сомнеж за верноста на партнерот. Пред да го обвинувате и да почнете сериозен конфликт, добро размислете дали сомнежите ви се оправдани.

Останете смирени и прибрани, не брзајте со заклучоци и ќе ги избегнете непотребните драми, особено на крајот од месецот.

Ако сте слободни

Не брзајте да влезете во нова врска бидејќи до крајот на месецот можно е да го запознаете вистинскиот.

Кон средината на месецот можно е да имате кратка авантура со личност на висока позиција, но брзо ќе сфатите дека не е вистинската за вас.

На крајот од март ќе сретнете личност која веднаш ќе ви се допадне и чувствата ќе бидат обострани. Набрзо ќе забележите и дека оваа личност е подготвена за нешто сериозно со вас, исто како и вие.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
Љубовен хороскоп за јуни 2026: Раковите може да ги очекува развод, Вагите „паѓаат“ на личности кои б... Голем дел од знаците може да имаат здодевна врска, исполнета со монотонија, но и...
Три судбински промени за секој хороскопски знак во 2026-та - Што да очекувате следната година? 2026-та нема да биде година на грандиозни планови, туку на повеќе помали, внатре...
Годишен хороскоп за 2026: Водолија На професионално поле, 2026-та ќе ви донесе подеми и падови. Но, во љубовта вист...
Три хороскопски знаци кои овој јуни ќе ги следи голема среќа (на секое поле) Овни, овој месец има потенцијал да ви го подобри љубовниот живот, а 14-ти јуни ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg