Љубовен хороскоп за март 2026: Риби – финансиските проблеми ќе се одразат на односот со партнерот

Вага
Ако сте во врска
Ова може да биде особено важен месец за вашиот љубовен живот. Ќе биде важно да ги решите проблемите со партнерот и да не премолчувате ако не ви се допаѓа нешто.
Во првата половина од месецот ќе имате можност за заедничко патување што ќе ви помогне да се зближите.
Генерално, месецот ќе помине без нови проблеми и конфликти, а на вас останува само да уживате со партнерот.
Ако сте слободни
Љубовта ќе ви биде главниот фокус овој месец и можно е да влезете во нова врска уште на почетокот од март.
Сепак, може да ви биде тешко да најдете заеднички јазик со оваа личност, па нема да се поврзите премногу
До крајот на месецот постојат големи шанси да сретнете личност со исти интереси и верувања како вашите, па меѓу вас брзо ќе се роди љубов.
Скорпија
Ако сте во врска
Овој март со партнерот значително ќе го подобрите односот.
Сепак, може да бидете загрижени за здравствената состојба на партнерот, па да имате мали стресови околу ова.
Ќе забележите подобрување и во комуникацијата и ќе ви се чини дека чувствата кон партнерот само се засилуваат.
До крајот на месецот добро би било да испланирате некој заедничка активност, како кратко патување.
Ако сте слободни
Овој месец ќе бидете подготвени да се впуштите во љубовна авантура.
Можен е флерт со личност од деловно опкружување, но и кратка врска со некој што ќе го запознаете во странство.
Во втората половина од месецот ќе имате многу енергија и нема да и недостасуваат додворувачи, па можно е да влезете во нова врска.
Можно е да запознаете и потенцијален партнер онлајн, само немојте да брзате со важните одлуки.
Стрелец
Ако сте во врска
Овој месец љубовниот живот ќе ви биде како бојно поле и она што е лошо ќе се влоши.
Ако сте го влошиле односот со партнерот и ако се разделите, најверојатно ќе биде финално, без можност за нова шанса.
Ако има тензија во врската, ќе продолжите да ја чувствувате и наредниот месец.
Сепак, од друга страна, ако нештата меѓу вас се особено добри, во текот на март ќе бидат уште подобри.
Генерално, со каква енергија сте го почнале месецот, со таква и ќе го завршите, па ќе биде важно да останете прибрани и да ги контролирате емоциите.
Ако сте слободни
Ако почнете врска или флертувате со личност која не е слободна, бидете особено внимателни, бидејќи вашата тајна лесно може да излезе на виделина.
Ако сретнете личност која сметате дека е добра за вас, ќе бидете склони брзо да се вљубите.
Но, добрите вест се дека чувствата ќе бидат обострани и оваа личност ќе се покаже како особено добра за вас.
Ќе ви даде поддршка и ќе сфатите дека ќе ви биде од огромна помош, особено ако минувате низ кризен период.
Јарец
Ако сте во врска
Од партнерот ќе сакате повеќе разбирање, а ќе ви биде тешко да го толерирате кога нема да ви го даде.
За да го зачувате мирот во текот на месецот, ќе биде важно да правите компромис и да се откажете од некои ваши желби.
Во втората половина од месецот можни се непредвидливи проблеми во врската, но и животот воопшто.
На вас останува смирено да им најдете решение и да не дозволите да се повторат.
Ако сте слободни
Ако одите на патување, големи се шансите да најдете љубов.
Оваа средба ќе почне како кратка авантура, но ќе има потенцијал да се претвори во нешто многу повеќе.
Кон крајот на месецот ќе сакате да си посветите повеќе време на себе, па ако сте во нова врска, ова може да создаде конфликт.
Ако сте сингл кон крајот на месецот, некоја личност многу ќе се труди да за оствари комуникација со вас.
Водолија
Ако сте во врска
Март може да биде период на многубројни искушенија, особено ако сте во подолга врска.
Првата половина од месецот може да биде напната, но подоцна ситуацијата ќе биде посмирена.
Во втората половина од месецот може да ве загрижуваат финансиите на партнерот кои имаат директно влијание врз вас.
Пробајте заедно да најдете решение за проблемот и немојте да правите непотребни драми од конфликтот.
Ако сте слободни
Можно е да почне да ве привлекува личност од деловното опкружување.
Чувствата ќе бидат обострани и оваа личност ќе биде подготвена да замижи пред сите ваши мани.
Ќе имате и други додворувачи, а доколку кон некој покажете дека сте заинтересирани за нешто посериозно, сосема можно е да почнете и врска.
Сепак, не значи дека оваа врска ќе трае, особено ако новиот партнер е со променливо расположение.
Риби
Ако сте во врска
Во првата половина од месецот ќе треба да поработите на односот со партнерот, а во втората да се потрудите да ја подобрите комуникацијата.
Можните финансиски проблеми ќе ви го оттргнат фокусот од љубов и романса, па голем дел од месецот ќе чувствувате тензија.
Но, ако разговарате отворено, се согласите на компромис и заедно се обидете да најдете решение, до почетокот на април ќе забележите драстично подобрување.
Ако сте слободни
Ако почнете врска во текот на март, ќе биде сведена само на страст и нема да сакате да вклучувате емоции.
Можно е да почнете да се гледате со љубоморна личност која ќе ви создава сцени, па би било добро брзо да се дистанцирате од неа.
Кон крајот на месецот можете да очекувате позитивна промена на поле љубов, особено ако сакате сериозна врска.
Спирова С. | Црнобело
