Кои се најсреќните датуми во март 2026 за секој хороскопски знак?

Секој месец, според поставеноста на планетите, носи повеќе или помалку среќни, позитивни, потенцијално продуктивни денови за секој знак во Зодијакот. Кој е вашиот среќен датум во март 2026?

koi-se-najsrekjnite-datumi-vo-mart-2026-za-sekoj-horoskopski-znak-01.jpg

На почетокот на март, астролозите откриваат кои ќе бидат најповолните денови следниот месец за припадниците на секој хороскопски знак.

Како поважни датуми го издвојуваат 3 март кога ќе има лунарна еклипса со полна Месечина во Девица, но и 20 март, кога завршува ретроградниот Меркур.

Кој датум во март ќе биде најсреќен за секој хороскопски знак?

Овен - 20 март

Сонцето на 20 март влегува во вашиот знак и тогаш почнува вашата сезона - но оваа година енергијата што ќе ја добиете нема да е врзана само со вашиот роденден, туку тоа ќе означи и почеток на нов долгорочен животен циклус.

Ова е ден од кој ќе почнете да созревате, но и повеќе да верувате во вашите соништа - чувствувате како да ја отфрлате „старата кожа“ и за првпат да дишете со полни гради.

Бик - 29 март

На 29-ти ќе се отвори темата за сериозни професионални обврски и долгорочни цели. Повеќе нема да сакате само стабилност, туку и да ви се даде на значење, а вие да добиете чувство дека правите нешто што остава трага.

Март ви носи можност да се посветите на некој проект или партнерство што ќе ја смени вашата финансиска иднина.

Близнаци - 18 март

Младата Месечина во Риби го активира полето на кариера и општественото признание. По периодот на сомнеж и стагнација, сега доаѓа нова можност што ви ја враќа вербата во себе.

Можеби некој проект од минатото се враќа, но вие сега сте подготвени да го водите на поинаков начин.

Рак - 20 март

Меркур почнува да се движи директно и сè што ви изгледаше конфузно почнува да добива нова структура.

Плановите поврзани со патување, образование или проширување на бизнисот конечно се забрзуваат, а вие чувствувате дека животот повторно се движи во насоката за која сонувавте.

Лав - 6 март

Венера влегува во Овен и ја активира вашата зона на нови почетоци и проширување.

Чувствувате наплив на самодоверба и желба да повлечете потези што претходно сте ги одложувале. Финансиските и емоционалните можности доаѓаат преку храброста што ќе ја покажете.

Девица - 20 март

Сезоната на Овен ја поттикнува вашата зона на трансформација и сфаќате дека животот се менува побрзо отколку што би сакале, но не се обидувате да контролирате сè.

Среќата доаѓа преку прифаќање на промените што порано сте ги сметале за закана.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Што треба да знае секој хороскопски знак пред да стапи во брак? Девици - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојд...
Вечерва има црна месечина која носи нови почетоци: Како ќе влијае на секој хороскопски знак? Девици, бидејќи оваа црна месечина е во вашата сезона, нејзиното влијание ќе бид...
Пораката што треба да ја слушнете од вашата помлада верзија, според астрологијата Рак – Можете да се грижите за другите без да ги мешате вашите емоции. Туѓата бол...
На 1-ви април е розова полна Месечина - Како ќе влијае на секој хороскопски знак? Јарец - Кариерата ќе ви е на врвот на листата за време на оваа полна розова Месе...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...

Најчитани неделава