Кои се најсреќните датуми во март 2026 за секој хороскопски знак?

Вага - 10 март
Јупитер се движи директно и ги отвора вратите за ваш професионален напредок. После подолгиот период на подготовки, конечно ќе видите конкретни резултати и ќе добиете признание.
Финансиските придобивки се можни на 10 март и тоа преку одлуки што веќе сте ги донеле, но дури сега вродуваат со плод.
Скорпија - 10 март
Јупитер ја активира вашата зона на среќа, долгорочните планови и можното проширување во неколку области.
Активности поврзани со патување, образованието или соработката со странство денес може да донесе голема промена - чувствувате дека хоризонтот се шири пред вас и дека веќе не сте ограничени во стара рамка.
Стрелец - 3 март
Полната Месечина и затемнувањето во Девица носат професионално разјаснување - можеби завршувате важен деловен циклус или ја менувате насоката на кариерата.
Сега јасно можете да видите и каде сте трошеле енергија, но таа не дала резултати.
Јарец - 3 март
Затемнувањето на 3 март во Девица активира вашата зона на среќа и интуиција.
Сфаќате дека не е сè во планирањето и контролата - се појавува можност што изгледа неочекувано, но совршено се вклопува во вашата долгорочна стратегија.
Водолија - 29 март
Ако денес целосно се посветите на себе, ќе сфатите дека веќе не се задоволувате со полупромислени решенија, без разлика дали е тоа во сферата на љубовта или бизнисот.
Март ќе ви носи чувство на лична сила и јасни одлуки што ќе ја менуваат вашата судбина на долг рок, но клучен е сепак, 29-ти.
Риби - 20 март
Меркур почнува да се движи директно во вашиот знак и со тоа „маглата“ се расчистува.
По години кога мислевте дека сте ставени на тест, чувствувате внатрешна сигурност и јасност и на 20 март конечно ќе разберете зошто одредени работи морале да завршат пред да почне нешто подобро.
А. Ј. | Црнобело