Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)?

Стрелец
Авантурист татко.
Парк. Велосипед. Топка.
Со него секое излегување е експедиција.
Реална ситуација: Излегле накратко до парк. Се враќаат после три часа, сите валкани до гуша и пресреќни. Мама прашува каде биле. Одговор: „Секаде“.
Напомена: Негова мана е што тешко прифаќа правила и малку го гушат.
Јарец
Одговорен татко.
Работи. Се грижи. Планира.
Ги учи децата преку личен пример.
Ако детето сака нова играчка, тој вели: „Ајде прво да видиме колку чини“. Потоа следи мини предавање за работа, штедење и вредноста на парите. Детето и понатаму ја сака играчката.
Напомена: Би можел повеќе да покажува емоции.
Водолија
Оригинален татко.
Смислува правила на игра што никој друг не ги разбира.
Картонска кутија станува ракета. Дневната соба станува вселенска база. А мама се прашува кој ќе го среди сето ова.
Напомена: Понекогаш мислите му одлутаат.
Риби
Најнежниот татко.
Топол. Емпатичен. Полн со разбирање.
Децата лесно му се отвораат.
Кога детето ќе каже дека е тажно, тој седнува до него, теши и слуша додека не ја заврши приказната.
Напомена: Негова мана е што тешко поставува граници.
С. С. | Црнобело
