Според месецот на раѓање: Зошто ги криете вистинските чувства (и со што се поврзани)?

Октомври
Родените во октомври често го кријат авантуристичкиот дух што го носат длабоко во себе, затоа што се силно посветени на одговорно однесување. Имаат уреден распоред за спиење, се хранат здраво и следат рутина што се грижи за нивниот ум, тело и дух. Но она што им недостига е возбудата. Не ѝ веруваат целосно на таа своја страна и се плашат дека може да биде малку ризична. Затоа им треба некој што ќе им покаже дека и опуштањето и спонтаноста можат да најдат место во нивната уредна рутина.
Ноември
Родените во ноември често ги кријат своите вистински чувства затоа што се силно посветени на одредени принципи кои не секогаш им се јасни на луѓето околу нив. Понекогаш ќе одлучат дека не можат да бидат со некого и ќе ги задржат чувствата „под контрола“, за другиот да не биде повреден кога ќе изберат обврска или принцип наместо љубов. Тие ги кријат работите за кои мислат дека можат да имаат премногу моќ и да предизвикаат болка. Но она што треба да го научат е дека искреноста, всушност е форма на почит.
Декември
Родените во декември ги кријат своите чувства кога мислат дека ништо не можат да променат. Повеќе сакаат да кажат шега отколку да се задржуваат на нешто за кое веруваат дека не може да се поправи. За нив често е важно дали емоциите се „корисни“ или не, што и не е најдобриот начин на размислување. Ако се тажни, треба да си дозволат да ги почувствуваат тие емоции за да можат навистина да ги надминат. Потребно е само да сфатат дека чувствата не мора секогаш да имаат јасна цел или објаснување.
Јануари
Родените во јануари, поради силната работна етика, често ги ставаат чувствата настрана за да ја постигнат целта. Дури и кога се уморни, исцрпени, тажни или разочарани, си велат „издржи“ и продолжуваат напред до крај. Знаат да бидат најстроги кон самите себе и понекогаш им е потребно потсетување да бидат поблаги и понежни кон себе. Да научат да уживаат во патот, а не да се фокусираат само на конечната цел.
Февруари
Родените во февруари често ги кријат своите чувства ако мислат дека тоа ќе им користи на другите. Тоа е класично угодување на сите околу себе. Без разлика дали станува збор за тоа кого да поканат на сопствената свадба или каде да се планира семејниот одмор, ретко ги ставаат своите желби пред туѓите. Потребно е да се потсетат дека постои здрава рамнотежа. Не мора да се жртвуваат за сите да бидат среќни. А нивната сопствена среќа не значи дека другите ќе бидат несреќни.
Март
Родените во март ги задржуваат за себе работите за кои се плашат дека светот ќе ги доживее како „премногу необични“. Тоа може да биде непопуларно политичко мислење, верување во вонземјани или нешто од секојдневието. Што и да е, имаат чувство дека светот не е подготвен да ја види нивната вистинска, неразубавена верзија. Она што им е потребно е охрабрување дека различноста и уникатноста имаат вредност.
M. M. | Црнобело
