Љубовен хороскоп за април 2026: Овни - Ако ве привлекува личност што е зафатена, не ја „отпишувајте“ веднаш

Некои Ракови ќе се осмелат да влезат во паралелна врска овој април, и тоа ќе го направат без грижа на совест. Што вели љубовниот хороскоп за останатите знаци?

ljuboven-horoskop-za-april-2026-ovni-ako-ve-privlekuva-lichnost-shto-e-zafatena-ne-ja-otpishuvajte-vednash-01.jpg

Кому април му носи љубовни искушенија и предизвици во врската, а кој може да очекува да му се родат силни емоции за некоја личност со која долго време биле пријатели?

Каков ќе биде април за хороскопските знаци на љубовен план?

Прочитајте што вели љубовниот хороскоп за вашиот знак за четвртиот месец во 2026-та:

Овен

Ако сте во врска

Во текот на април е можно да доживеете мала криза на идентитет, што ќе се одрази и на вашата врска.

Но, ако сте сигурни во своите чувства кон саканата личност, не дозволувајте врската да пропадне, туку при крајот на месецот со сите сили борете се за неа.

Некои Овни во врска ќе имаат кратка средба со поранешен партнер.

Ако сте сингл

Овој месец ќе имате желба за нова љубовна возбуда, па ќе се потрудите, дури и повеќе од вообичаеното, да заведете некого.

Доколку ви се допаѓа личност во знакот на Стрелец или Вага, вашата љубовна мисија би требало да е успешна.

Но, немојте да носите избрзани одлуки ако сте сингл, а личноста што ви се додворува не е. Можеби работите во неговата/нејзината врска не се онакви какви што ви се чинат.

Бик

Ако сте во врска

Немојте да се нервирате ако работите со саканата личност не одат како што замислувате, оставете ѝ малку простор и нештата ќе си дојдат на свое место.

Некои Бикови сепак ќе решат да престанат да се трудат, сметајќи дека тоа е најлесното решение во ситуацијата.

На крајот на месецот ве чека уште едно љубовно искушение.

Ако сте сингл

Биковите кои немаат партнер е можно да запознаат нова личност на голема забава и тоа во момент кога не очекуваат љубов.

Не бегајте од оваа личност, дури и да не ви се допадне на прво гледање - ако ѝ дадете шанса ќе сфатите дека под површината има работи кои ќе ви се допаднат и ќе ви одговараат.

Некои Бикови е можно да почнат афера со личност многу повозрасна од нив, без оглед на полот.

Близнаци

Ако сте во врска

Близнаците кои се во врска со личност во знакот на Овен или Вага може да очекуваат голема промена - предлог за брак или раскинување.

Кон средината на месецот може да очекувате поголема расправија со партнерот, која нема да мое да ја решите со неколку зборови.

Некои Близнаци при крајот на април ќе почнат да прават планови за заеднички живот со партнерот, иако личноста со која се во врска можеби не размислува исто.

Ако сте сингл

Можно е да почнете да се гледате со личност која ја познавате одамна и која ве фасцинира подолго време, па ова ќе биде исполнување на сонот.

Сепак, не се залетувајте веднаш, оставете работите да се одвиваат полека, за да не се разочарате или да не ги исплашите со вашето однесување.

Некои Близнаци, пак, нема да имаат промена во љубовниот статус, иако ќе се надеваат дека ќе влезат во врска.

Рак

Ако сте во врска

Иако сте можеби подолго време со саканата личност, во април повторно ќе ве фасцинира нешто во врска со неа/него, што како да сте го подзаборавиле.

Некои Ракови ќе се осмелат да почнат паралелна врска и тоа ќе го направат без грижа на совест.

Други, пак, ќе се најдат во неколку ситуации во кои ќе сакаат да покажат доминација над партнерот, но тоа може да има спротивен ефект.

Ако сте сингл

Ако немате партнер, се чувствувате подготвени да почнете нова врска, или барем нова љубовна авантура за да си го подобрите расположението.

Кај некои Ракови ова може да се претвори во нешто сериозно, но кај повеќето ќе биде минлива фаза која ќе трае неколку недели, а потоа секој ќе тргне на своја страна.

Ако во прв момент почувствувате дека работите се комплицирани, подобро е веднаш да се повлечете отколку да чекате да се случи нешто што ќе ве разочара дополнително.

Лав

Ако сте во врска

Иако сакате да бидете во стабилна и мирна врска со партнерот, не е исклучена можноста некој од вас да се впушти во прељуба (за која другиот можеби нема да дознае).

Избегнувајте расправии со партнерот, особено во првата третина на април, зашто последиците можат да бидат полоши од она што мислите, а нема ни да го добиете тоа што се надевате дека ќе го добиете со кавгата.

Ако сте сингл

Ве очекува многу забава, дружење, дури и кратка афера со личност која (можеби) е во врска, но бидејќи не сакате ништо сериозно, тоа нема да ви пречи.

Некои Лавови, пак, ќе се соочат со личност од своето минато, но тоа само ќе им внесе немир во животот.

Пред крајот на месецот можете да очекувате поголема промена на љубовно поле.

Девица

Ако сте во врска

Овој месец ќе бидете меланхолични и тажни, па нема да ви биде грижа дали сопругот ви се лути што го запоставувате или ако ве изневери партнерот.

Љубовта во текот на април ќе ја чувствувате како товар од кој не можете да побегнете.

Ако не пробате да смените нешто, ова може да делува како да не сакате да се посветите на партнерот и може да резултира со крај на љубовта.

Ако сте сингл

Некои сингл Девици месецов може да имаат фатална средба со личност родена во знак на Водолија или Близнаци.

Ако сте во раните 20-ти години, може да ве привлече темпераментна личност која нема да сака сериозна врска и ќе ви го скрши срцето.

Но, ќе ви годи флертувањето, а месецов ќе флертувате многу и често.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за август 2025: Девици - верувате дека партнерот не ви е верен и ќе правите љубомор... Риби - ако сте во врска, некои од вас преку ноќ ќе решат да прекинат да се гледа...
Љубовен хороскоп за февруари 2026: Близнаци – мора да расчистите со минатото, Бикови – паѓање во иск... Јарци - Пред вас е избор помеѓу сигурна врска и некој што ве интригира, но ...
Љубовен хороскоп за мај 2026: Лавови - оваа пролет сте магнет за користољубиви личности Девици - ве делат граници со некоја драга личност, но време е за врска на далечи...
Љубовен хороскоп за јануари 2026: Близнаци - ќе направите љубоморна сцена, само за да го тестирате п... Девици вам ви е поважна хармонијата отколку страста и токму на тој начин и ќе ба...
Љубовен хороскоп за ноември 2025: Бикови - ако сте во паралелна врска, можно е да излезе на виделина Некои сингл Лавови ќе имаат можност за почеток на нова врска, но ќе го избракаат...
Годишен хороскоп за 2026: Риби Љубовниот живот на Рибите во 2026 година ќе биде исполнет со силни емоции, но и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg