Забавен хороскоп: Како сите 12 знаци го слават Велигден?
Ракот е вистински домаќин и има совршена трпеза со традиционални семејни рецепти, додека пак Стрелецот, веројатно е на некое патување наместо на ручек, или по собирот организира авантура. Што прави секој знак на Велигден?

Велигден е еден од празниците кога целото семејство се собира на куп, со низа вкусни домашни рецепти и секако велигденски јајца.
Многумина сакаат денот да го поминат во надворешна атмосфера кога времето е убаво и условите дозволуваат, но важно им е да се со најблиските.
Сепак, зависи и од хороскопот кој како го доживува денот, кој има повеќе емоции, а кој повеќе сака да помине официјалниот дел, а потоа да се впушти во авантура.
Овој забавен хороскоп ги опишува хороскопските знаци, некој можеби ќе се пронајде, друг можеби не баш, но забавно е да погледнете како повеќето од знаците го доживуваат.
Што прави секој знак на Велигден?
Овен
Не може да седи мирно дури ни на празник. По краткиот семеен ручек, веднаш организира некоја активност, дали е тоа шетање во природа или спортски натпревар во двор. А, може да е и натпревар во кршење со јајца, го сфаќа баш сериозно.
Бик
За Биковите, Велигден е годишно достигнување – масата преполна со храна, мирис на колачи, сите собрани на едно место и уживање без брзање. Тој е прв на маса, а последен станува од неа. Традицијата и квалитетот на храната му се светост.
Близнаци
За Близнаците Велигден е само уште еден социјален собир. Го гледаат како дружба, на семејниот ручек може да поканат уште куп пријатели или кој и да им пише, а потоа може да организираат уште некој мини собир по ручекот. Важно им е нешто да се случува.
Рак
Ракот е вистински домаќин за Велигден. Сè мора да биде совршено – од украси, до сервирање на масата и рецепти кои се пренесуваат со генерации на трпезата. За нив Велигден носи топлина, а денот е полн со емоции и семејни спомени.
Лав
Лавовите сакаат Велигден да изгледа како од списанија или Пинтерест. Совршено декорирана маса, внимателно избрана облека и естетски фотографии за социјалните мрежи. И секако, на собирот, Лавот е во центарот на случувањата.
Девица
Девицата организира сè до најситен детаљ. Има точен список на јадења, распоред на готвење, распоред на седење и кој какви обврски има – ништо не остава на случајност. Затоа кај нив празникот поминува беспрекорно.
