Забавен хороскоп: Како сите 12 знаци го слават Велигден?

Вага
Вагата секогаш тежи кон хармонија. На неа ѝ е важно сите да се задоволни и да нема расправии на маса, туку опуштена атмосфера. Велигден го поминува во фино и пријатно друштво, со убава атмосфера и доза естетика.
Скорпија
Скорпиите го доживуваат Велигден многу подлабоко од останатите. Можеби се поповлечени, но уживаат во интимниот круг на најблиските луѓе. Не ѝ е важно да има премногу гости, но сака да се присутни вистинските луѓе на едно место, кои вистински се поврзуваат на тој ден.
Стрелец
Стрелецот може да не го ни помине Велигден дома. Веројатно е на некое патување или на некој излет. Дури и да остане на домашен ручек, сигурно ќе организира некоја авантура по ручекот.
Јарец
Јарците почитуваат традиција, а Велигден за нив има јасно дефиниран тек – семејство, ручек, домашни обврски. Можеби не покажуваат многу емоции, но семејството им е многу важно.
Водолија
Водолиите сакаат малку поинаков Велигден, можеби ќе сакаат да внесат некоја нова традиција или да избегнат класично славење. Кај нив никогаш не е здодевно, секогаш сакаат нешто различно и необично.
Риби
Рибите го поминуваат Велигден во мирна атмосфера, со пријатна музика и симболични традиции. Сакаат да биде како што треба и да има емоции, а на крај дури малку и ќе се повлечат за да сумираат импресии.
М. М. | Црнобело
Фото: CRNOBELO.com - генерирано со AI
