Вашиот стил на патување и одмор според хороскопот

vasiot-stil-na-patuvanje-i-odmor-spored-horoskopot-1.jpg

Вага

За вистински да се опушти и одмори на Вагата и е важно да постигне, чувствува и одржува рамнотежа. Обично тука се работи за баланс помеѓу она што можела и она што сакала другата страна, која неретко е и поважна од вагата. Затоа успешноста на одморот за една Вага често не зависи од неа.

Скорпија

Скорпиите се ѕвезди на летните вечери и ножи. Затоа голем дел од летниот ден го поминуваат спиејќи, па така ги полнат батериите за динамичната ноќ. Штом сонцето почне да заоѓа, Скорпијата се буди и почнува акцијата. Ноќниот провод е без граници, богат еротски живот, ноќни капења во море, играње до утро, заводливи погледи и провокации со добри намери. Има и спортски типови кои сами ќе организираат одмор полн со предизвици.

Стрелец

Овој вечен талкач не познава граници. Му одговара секаков вид на патување, како и повеќето дестинации. Патувајќи Стрелецот се одмора. Кога ќе отиде, не знае да се врати дома. Превозните средства му се всушност неговиот вистински дом. А кога е дома, тоа му е чудно, односно како што некому му е чудно кога патува. Обично ништо не планира бидејќи сака да биде спонтан и слободен.

Јарец

Еден тип на Јарец сака да оди на планина и да ужива во пејсажите, а друг тип на Јарец обожува море. Медитеранот совршено им одговара бидејќи е полн со карпи и камења, кои ги сакаат. Утринските прошетки по нерамните брегови вдолж морето или долгите седења покрај миоре додеа едитираат, сигурно ќе ги освежат. Понекогаш сакаат да бидат сами и да ги слушаат звуците на природата. Особено брановите.

Водолија

Клуч на успешниот одмор за Водолијата е во ниту еден момент не смее да и биде досадно. А што е она што ќе ја забавува е посебна приказна. Тешко е да се сфати што се потребите на овој индивидуалец. Обично ги интересираат специфични места испецифични теми. Затоа одморот ќе го поминат или во некое зафрлено место за кое никој ниту чул ниту го видел, но е посебно „бидејќи еднинствено тоа на светот го има тоа и тоа“ или ќе имаат несекојдневни содржини на одморот – обично се работи за некое непредвиидливо хоби. Оној кој ќе биде во нивно друштво веднаш нека се помири со низата изнанадувања или ситуации кои ниту на сон не би можел да ги замисли. Водолиите ќе ги создадат.

Риби

Рибите најдобро се релаксираат лежејќи. Затоа им одговара класичен одмор на море каде што постои ред на спиење, ред на дремење, ред на пијуцкање вино на вечерниот балкон со музика, па повторно спиење. Кога патуваат најмногу им одговара брод како превозно средство. Со задоволство собираат камчиња и градат кули од песок. Оние што ќе останат дома ќе се препуштат на излежувањето со далечинскиот управувач покрај телевизорот и романтично пребарување на програмите. Сурфањето на интернет би можело да биде пренапорно, додека покрај ТВ може и да задремаат. Она што го нема, тие ќе го измислат.



Би можело да ве интересира:

Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
Драстичната животна промена што наскоро ве очекува, според хороскопскиот знак Ракови, ќе си ја промените перспективата за нешто важно, и тоа благодарение на л...

Најчитани неделава