Хороскоп: Дали сте харизматична личност?

Вагите се толку фини што нивната харизма секогаш е поврзана со убавина или дипломатија. Доколку станат свесни за својата харизма, тие ќе ја користат на многу мудар начин, а ќе им биде доволна само насмевка.

Скорпиите се класичен пример за харизматичен знак кога се работи за личност која привлекува на таинствен начин и не и паѓа на памет да открие што и е на ум. Драстичен пример се личности кои што можат да ги хипнотизираат другите. Прашање е само дали харизматичните Скорпии се конструктивно или деструктивно насочени.

Харизматичниот Стрелец е спонтана душа која сака да си игра и со самиот свој галантен настап го добива вниманието на другите. Ако е харизматик, обично е пријатен.

Јарецот кој има харизматични аспекти исто така е пример за вистинска харизма пред која останувате без здив и покорно ја следите. Сатурн во овој случај не остава друга можност, а со цврстината која ја поседува ве води кон целта без отстапување. Нема шанси во ваква комбинација некој да се поколебал.

Водолиите кои се харизматични делуваат на принципот на магнет. Топло – ладно, збунуваат, но и привлекуваат, не можете да ги „прочитате“, па затоа уште повеќе ве привлекуваат за да откриете за што всушност се работи. Ова е веќе вселенска харизма која е тешко да се објасни.

Рибите кои се харизматични делуваат главно по принципот на заведување, убавина, заслепеност со нешто таинствено, но неодоливо привлечно во светот во кој зрачат. Ова е харизма на опивање и зашеметување со која владее Нептун. Идеално за секти и разни идеологии.

И на крајот, кога би сакале да ги поедноставиме работите, еве ранг листа на астролошките знаци по харизматичност:

  1. Скорпија, Јарец и Водолија.
  2. Лав, Овен и Рак.
  3. Вага, девица и Риби.
  4. Близнаци, Стрелец и Бик.



Би можело да ве интересира:

Што треба да знае секој хороскопски знак пред да стапи во брак? Девици - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојд...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
Хороскопски знаци кои памтат сè, па дури и работите што сакате да ги заборават На некои хороскопски знаци ништо „не им бега“, без разлика дали станува збор за ...
Драстичната животна промена што наскоро ве очекува, според хороскопскиот знак Ракови, ќе си ја промените перспективата за нешто важно, и тоа благодарение на л...
Што открива за вас последната цифра од годината на раѓање? Ако последната цифра од вашата година на раѓање е 2, вие како да сте подвоена ли...
4 хороскопски знаци кои (некогаш) делуваат како негативци Јарци, вие имате превисоки очекувања од другите. Па, кога нема да ги исполнат, б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg