Хороскоп: Дали сте харизматична личност?

Вагите се толку фини што нивната харизма секогаш е поврзана со убавина или дипломатија. Доколку станат свесни за својата харизма, тие ќе ја користат на многу мудар начин, а ќе им биде доволна само насмевка.

Скорпиите се класичен пример за харизматичен знак кога се работи за личност која привлекува на таинствен начин и не и паѓа на памет да открие што и е на ум. Драстичен пример се личности кои што можат да ги хипнотизираат другите. Прашање е само дали харизматичните Скорпии се конструктивно или деструктивно насочени.

Харизматичниот Стрелец е спонтана душа која сака да си игра и со самиот свој галантен настап го добива вниманието на другите. Ако е харизматик, обично е пријатен.

Јарецот кој има харизматични аспекти исто така е пример за вистинска харизма пред која останувате без здив и покорно ја следите. Сатурн во овој случај не остава друга можност, а со цврстината која ја поседува ве води кон целта без отстапување. Нема шанси во ваква комбинација некој да се поколебал.

Водолиите кои се харизматични делуваат на принципот на магнет. Топло – ладно, збунуваат, но и привлекуваат, не можете да ги „прочитате“, па затоа уште повеќе ве привлекуваат за да откриете за што всушност се работи. Ова е веќе вселенска харизма која е тешко да се објасни.

Рибите кои се харизматични делуваат главно по принципот на заведување, убавина, заслепеност со нешто таинствено, но неодоливо привлечно во светот во кој зрачат. Ова е харизма на опивање и зашеметување со која владее Нептун. Идеално за секти и разни идеологии.

И на крајот, кога би сакале да ги поедноставиме работите, еве ранг листа на астролошките знаци по харизматичност:

  1. Скорпија, Јарец и Водолија.
  2. Лав, Овен и Рак.
  3. Вага, девица и Риби.
  4. Близнаци, Стрелец и Бик.



Би можело да ве интересира:

Како секој хороскопски знак сам си ја уништува љубовната врска? Многу Водолии не можат да преболат некоја стара љубов. Тие често мислат на ...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Како секој хороскопски знак (суптилно) ќе ви покаже дека се заљубува во вас? Ако навистина им се допаѓате на Рибите, тие ќе ви ги раскажат своите соништа. По...
Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
4 хороскопски знаци кои постојано очекуваат да се случи нешто лошо Скорпии, неретко мислите дека не заслужувате да бидете среќни, па тешко ви е да ...
Една токсична карактеристика на која мора да поработите, според хороскопскиот знак Близнаци, постојано ги прекршувате ветувањата што им ги давате на другите. Мора ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg