Кој пијалок му одговара на вашиот хороскопски знак?

 

koj-pijalok-mu-odgovara-na-vasiot-horoskopski-znak-02

Вага
И во најтешките моменти ја контролираат секоја ситуација. Тие се тип на луѓе кои знаете дека се забавуваат добро и ќе се вклопат во секој тип на забава. Нивен совршен пијалок е слаткото Мартини.

Скорпија
Одлучни, моќни и природни личности. Може да бидат љубоморни и посесивни ако претераат со алкохолот. Сепак, им одговараат силни пијалоци како што се виски или вотка со лед. Ако планираат да пијат повеќе, неретко одбираат пиво.

Стрелец
Стрелците ја сакаат слободата, искреноста и отвореноста и бараат алкохол кој ќе им одговара со нивните карактеристики. Не сакаат модерни, скапи пијалоци па затоа често пати одбираат пиво. Сакаат да нарачуваат пијалоци кои ги пијат на екс, на шанк, а меѓу поомилените им се слатките ликери.

Јарец
Јарците се практични, внимателни, тврдоглави и со доза на резерва гледаат на нештата. Ако се забавуваат во друштво на многу луѓе практикуваат да пијат вода помеѓу пијалоците за да ја одржат самоконтролата. Јарците не се најдобро друштво кога ќе се напијат малку повеќе, бидејќи тогаш излегува на виделина нивната мрачна страна полна со песимизам. Најдобар избор за нив е лесното бело вино.

Водолија
Идеален пијалок за овие диви, ексцентрични и забани Водолии е текилата во сите можни облици и мешавини. Сакаат да ја пијат чиста, со сок или пак во коктел. Текилата им гарантира добра забава, но сепак често претеруваат со количината заради нивното по малку неодговорно однесување.

Риби
Заради тоа што рибите се чувствителни, нежни и понекогаш срамежливи, потребен им е пијалок која истовремено ќе ги затопли но и ќе им го одврзе јазикот. Идеален избор за нив е "White Russian".



Би можело да ве интересира:

4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
7 месеци во кои се родени луѓето што не знаат да излажат (дури и ако пробаат) Родените во април се искрени до крајност. Отворено го кажуваат она што сите го м...
Какво детство сте имале, според хороскопскиот знак на вашата мајка? Ако вашата мајка е родена во знакот на Стрелец, тогаш вашето детство била една д...

Најчитани неделава