Кој е вашиот омилен десерт според хороскопот?

koj-e-vasiot-omilen-desert-spored-horoskopot-1

За Вагата може било што со јагода

Вагата ги обожава слатките во розовите тонови и со многу јагоди. Разладените десерти кои се речиси замрзнати се првиот избор на кој ќе се согласат. Секој колач кој содржи желатин, јагоди или јогурт се на врв на листата на омилени десерти. Освен на вкусот, Вагата паѓа и на дизајнот, па најмногу ќе биде одушевена од неодоливо украсен колач.

Омилен десерт: Јагоди во чоколадо


Скорпијата не одолева на темната чоколада

Страста е основната карактеристика на овој знак, па затоа на Скорпијата најомилен десерт и е темната чоколада во комбинација со вишна. Обожава слатки бонбони слични на cherry и сè што во себе содржи горчлива нота.

Омилен десерт: Чоколаден колач со кандирани вишни


Стрелецот сака сè што е егзотично

Стрелецот обожава десерти кои потсетуваат на егзотичните краеви. Во своите колачиња сакаат да има манго, диња или кокос. Стрелецот не е љубител на тешки десерти и сака сè што во себе содржи нешто необично.

Омилен десерт: Смрзнати десерти со егзотично овошје


Традицијата е најдобриот вкус за Јарецот

Јарецот ужива во традиционалните слатки кои ги припрема во својата кујна. Секој колач сака да го зачини со цимет, ванила или бадеми, па затоа неговиот омилен колач е оној кој ќе го приготви следејќи некој стар рецепт, оставен во наследство.

Омилен десерт: Баклава


Водолијата го спојува неспоивото

Општо е познато дека Водолиите сакаат сè што е необично, па така е и со слатките. Секогаш од по ново ќе проба да спои нешто неспоиво, па затоа колачите на Водолиите истовремено се и слатки и солени. Сака желатин и многу овошје.

Омилен десерт: Тарт со јогурт и овошје


Рибите сакаат слатки со малку шеќер

Ако може да бираат, рибите секогаш би одбрале слатки кои содржат малку шеќер, а многу витамини, па затоа секогаш кажуваат големо ДА на луксузните и здрави десерти. За нив одлични се овошните сладоледи кои ќе ги разладат на високите температури.

Омилен десерт: Овошен пудинг



Би можело да ве интересира:

Што треба да знае секој хороскопски знак пред да стапи во брак? Девици - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојд...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg