Астролошки митови за љубовта

Кога е љубовта во прашање, астрологијата може да ви помогне да ги разберете односите меѓу партнерите, да ја откриете компатибилноста на карактерите и да дознаете кој период ви е поволен за стапување во врска или преземање акција.

astroloshki-mitovi-za-ljubovta-1

Но, постојат и некои работи кои едноставно не се „пишани“, а сепак се раскажуваат како дел од астрологијата.

Еве ги најчестите пет митови:

Мит број 1: Кои знаци си одговараат?

Работите во астрологијата не се така едноставни за да може да се каже кој со кого си одговара од хороскопските знаци. Секоја натална карта претставува мапа на небото, па карактерот и односот со другите знаци на еден астролошки знак зависи од личност до личност , бидејќи тука улога игра сето она кое се врти околу сонцето. Така односот меѓу два партнери е единствен и уникатен за секого и не може да се предвиди кој со кого ќе биде среќен, а на кои не им е судено.

На успехот на една врска влијаат и илјадници астероиди кои се наоѓаат помеѓу Марс и Јупитер, планетоидот Кирон, како и низа други работи околу кои астролозите дискутираат.

Мит број 2: Совршени на хартија – совршени во реалност

Дури и ако направите одделна натална карта за вас и партнерот и се покаже дека астролошки си одговарате, сепак е подобро тоа да го проверите и во живо, наместо да носите битни одлуки за вашите чувства и иднина, само врз основа на ѕвездите.

Мит број 3: „Вистинското време“ е запишано во ѕвездите

Без оглед на тоа што велат астролозите, никој не може да каже кога ќе ја сретнете љубовта на својот живот. Тоа едноставно не е возможно. На тоа премногу влијае и човечкиот фактор , а и непредвидливите околности. Затоа кога ќе запознаете некој кој ќе ви привлече внимание, наместо да му го проверувате хороскопот, повикајте го на кафе и разговарајте.

Мит број 4: Магична месечина

Четвртиот мит е поврзан со романсата на полна месечина. Полната месечина ги засилува нашите емоции, но тоа не секогаш е добра работа. Ако не верувате, постои статистика која вели дека на полна месечина се случуваат многу повеќе убиства, самоубиства и кражби. Не донесувајте одлуки додека месечината е полна.

Мит број 5: Побарајте совет

Последната заблуда е дека астролозите се всушност видовити и можат да ја предвидат вашата врска. Можете да побарате совет од астролог, но за конечна одлука потпрете се на сопствениот инстинкт.

Би можело да ве интересира:

5 астролошки парови кои секогаш ќе бидат повеќе од само пријатели, според месецот на раѓање Август + октомври: Дури и да пробуваат да бидат пријатели, нема да трае долго, б...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
Љубовен хороскоп за јуни 2026: Раковите може да ги очекува развод, Вагите „паѓаат“ на личности кои б... Голем дел од знаците може да имаат здодевна врска, исполнета со монотонија, но и...
Вечерва има црна месечина која носи нови почетоци: Како ќе влијае на секој хороскопски знак? Девици, бидејќи оваа црна месечина е во вашата сезона, нејзиното влијание ќе бид...
На 1-ви април е розова полна Месечина - Како ќе влијае на секој хороскопски знак? Јарец - Кариерата ќе ви е на врвот на листата за време на оваа полна розова Месе...
Три хороскопски знаци на кои ќе им се случи љубовен пресврт до крајот на јули 2026 Ова е период во кој многу парови ќе разговараат за својата заедничка иднина, ќе ...

Најчитани неделава