Девојки, што да облечете на новогодишната ноќ според хороскопот?

Се наближува дочекот на најлудата ноќ. Веројатно како и повеќето припаднички на поубавиот пол во дилема сте како да се облечете и да заблескате во полн сјај. Каков фустан, чевли, шминка да одберете, а во исто време да изгледате оригинално и несекојдневно. Прочитајте ги советите според  ѕвездите и планетите.

kako-da-se-oblecete-na-novogodisnata-nok-spored-horoskopot-01

Овен

Овните се познати како луѓе од акција – модата често не ги интересира, најважно им е гардеробата да е удобна и практична, бидејќи постојано се во некое брзање и акција. Најдобро е да изберете фустан со јасен и дефиниран крој. Одберете црвена или бела боја, а дополнете со некој необичен накит.

kako-da-se-oblecete-na-novogodisnata-nok-spored-horoskopot-1

Бик

Жените во знакот на бик многу е важно да се чувствуваат удобно и пријатно. Одберете лесен и лелеав фустан од меки и пријатни материјали. Внимавајте и вашите чевли да бидат удобни.

kako-da-se-oblecete-na-novogodisnata-nok-spored-horoskopot-2

Близнаци

Близнаците се љубители на силни бои и необични дезени или нешто што изгледа лесно за трансформација и кое ќе ви даде уникатен изглед. Најдобро е да се одлучите за нешто смело и необично.

kako-da-se-oblecete-na-novogodisnata-nok-spored-horoskopot-3

Рак

Раковите сакаат романтичен и женствен изглед поради коj се чувствуваат привлечни за посилниот пол. Поради тоа секогаш се определуваат за фустан, наместо панталони кои за нив се премногу мажествени и конвенционални. Изберете елегантен сребрен фустан кој ќе ги истакне вашите облини, а сето тоа дополнето го со црвен кармин.

kako-da-se-oblecete-na-novogodisnata-nok-spored-horoskopot-4

Лав

Колку пооригинална фризура, толку поголема сигурност. Долга распуштена коса или изразито кратка – со вас нема компромиси. Фустанот нека биде во златна, црвена или виолетова боја, како што доликува на владетелот во хороскопот. Потпетици високи најмалку 10 см ќе направат да бидете ѕвезда на вечерта.

kako-da-se-oblecete-na-novogodisnata-nok-spored-horoskopot-5

Девица

Деталите и перфекцијата се нешто што има најголемо значење за жените родени во овој знак . Евтини и едноставни работи не одат со вашата гламурозна личност. Вие сакате елегантни фустани со беспрекорен крој без многу детали, кои изразуваат софистицираност.

kako-da-se-oblecete-na-novogodisnata-nok-spored-horoskopot-6

Вага

Вагите обожаваат скапи, софистицирани материјали и аксесоари. Прав избор за вас е некој впечатлив брош или елегантни ракавици. Ниту еден друг знак нема толку стил како Вагата, ниту може да го изрази на тој начин. Црн фустан е вистински погодок за вас со неизбежен детаљ по кој ќе бидете забележани.

kako-da-se-oblecete-na-novogodisnata-nok-spored-horoskopot-7

Скорпија

Вие сте природно заводлива и мистериозна жена. Покрај тоа, најчесто се определувате за црно секси фустанче и високи потпетици. Оваа година ви советуваме да се определите за некоја посилна боја и необични чевли сигурно ќе ги остави без здив сите околу вас. Црвен фустан, сребрени чевли и необичен накит ќе го направат вашиот изглед несекојдневен. Не заборавајте и јака шминка со која ќе ги нагласите вашите очи.

kako-da-se-oblecete-na-novogodisnata-nok-spored-horoskopot-8

Стрелец

За Стрелците прав избор се панталоните. Вие просто знаете како да ги носите и во нив да изгледате подобро од дамите во фустан. Вашата природа бара удобност и спонтани движења, затоа често ги носите и најдобро се чувствувате. На најлудата ноќ ви советуваме да ставите акцент на нозете и да заблескате во впечатливи светкави хеланки или со интересен дезен на хулахопки. Високите потпетици се задолжителни за секоја дама.

kako-da-se-oblecete-na-novogodisnata-nok-spored-horoskopot-9

Јарец

Како суптилна, едноставна и конзервативна жена, вие најдобро се чувствувате  во елегантни панталони или едноставен фустан со скромен и едноставен крој и дезен. Ваши омилени бои се сива, црна или кафена. Сето тоа комбинирајте го со модерни чевли кои совршено одговараат со вашиот отмен карактер. Во новогодишната ноќ останете дама, бидејќи тоа најдобро ви прилега.

kako-da-se-oblecete-na-novogodisnata-nok-spored-horoskopot-10

Водолија

Колку пооригинално, толку подобро. Водолиите се сè само не обични припаднички на хороскопот. Водолиите најдобро знаат со помош на облеката да ја изразат својата оригиналност и немирен дух. Кога се модните експерименти во прашање, нема комбинација која не може да ја износите на правилен начин. Останете доследни на својата природа и определете се за фустан во етно фазон или необичен принт. Накитот нека ви биде впечатлив и што поброен.

kako-da-se-oblecete-na-novogodisnata-nok-spored-horoskopot-11

Риби

Вие сте чувствителна уметничка душа која на секоја креација знае да даде личен печат. Елегантен брош или уникатен накит е она што треба да го украси вашиот новогодишен изглед. Дрски бои и смели модели не одговараат на вашиот нежен карактер. Додека, светкавите златни или бели дезени се како создадени за вас. Водете сметка за тоа чевлите да ви бидат удобни, бидејќи нежните чекори и заводливиот поглед се ваши најголеми адути.

kako-da-se-oblecete-na-novogodisnata-nok-spored-horoskopot-12

Би можело да ве интересира:

Што да правите во зима за да се чувствувате посреќни, според хороскопскиот знак? Бикови, размислете што можете да промените во домот - дали можеби ќе ставите нек...
Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...
Кој ви е најсреќниот ден од неделата, според хороскопскиот знак? Лавови, вашиот среќен ден е недела. Овој ден е владеен од Сонцето – небесното те...
5 хороскопски знаци кои сами си ги саботираат љубовните врски Близнаци, вие сте импулсивни, а токму со оваа карактеристика си ги саботирате вр...
Кој нордиски бог ве опишува најдобро, според хороскопскиот знак? Близнаци, вие сте најслични со итриот Локи. Како него, вие сте непредвидливи и б...
Која домашна обврска најмногу му одговара на секој хороскопски знак? Лавови, вие обожавате да миете садови затоа што сте убедени дека никој не го пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg