Како би изгледал еден ден ако сите хороскопски знаци живеат заедно?

Додека Јарецот постојано штеди и го исклучува бојлерот, Лавот и Вагата се борат за позицијата пред огледалото. Девицата цеди свежи сокови, Близнаците постојано нешто губат, а Рибите безгрижно спијат...

kako-bi-izgledal-eden-den-ako-site-horoskopski-znaci-ziveat-zaedno-01

Еве како ќе изгледа едно утро ако сите знаци живеат во еден стан:

6:00 Девицата станува и пред туширањето го чисти тоалетот. По перењето на заби, четката ја става во стерилна кесичка и ја остава на посебно место подалеку од сите останати.

6:15 Јарецот станува и го исклучува бојлерот. Истече терминот за евтина струја.

6:20 Водолијата оди на утринско трчање.

6:30 Вагата и лавот се пред огледалото и се во расправија за хидратантната крема и гелот за коса.

6:40 Бикот појадува Нутела со супена лажица.

6:45 Стрелецот станува и го вклучува бојлерот.

7:00 Ракот прави сендвичи, Девицата цеди свежи сокови, а Близнакот е во кревет со мобилниот телефон.

7:05 Скорпијата ја крши вратата од тоалетот - Вагата излегува смртно навредена со несесерот во рака.

7:10 Овенот станува и ја вклучува стоперката.

7: 11 и 45 секунди Овенот е истуширан, облечен и мавта од скалите. Ја исклучува стоперката.

7:15 Бикот со лажицата уште шкрипи по теглата. Нема веќе Нутела.

7:20 Вагата и Лавот повторно имаат расправија пред огледалото, последна пред да го напуштат домот.

7:30 Водолијата се тушира со ладна вода, Јарецот повторно го исклучил бојлерот.

7:40 Сите излегуваат.

7:50 Близнаците се враќаат, го заборавиле паричникот.

8:00 Рибите се будат и сфаќаат дека се заклучени во станот.

Би можело да ве интересира:

Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
4 хороскопски знаци кои ќе доживеат најголема промена во 2026 (и ќе мора да се потрудат повеќе од др... Без разлика дали станува збор за напуштање на работата што ги задушува или излег...
Зошто животот ви изгледа здодевен и монотон, според хороскопскиот знак? Девици, вашите вештини за организација се ништо помалку од импресивни. И, иако м...
Денес се отвора Лавовската порта - На кои хороскопски знаци ќе им донесе непријатности? Денес, 08.08, се отвора таканаречената Лавовска порта - ова е денот на кој, спор...
Три хороскопски знаци чиј живот конечно ќе тргне на подобро од денес Ракови, денес, 14-ти мај ѕвездите ви се насмевнуваат, најмногу бидејќи конечно с...
3 хороскопски знаци чиј живот ќе стане многу полесен годинава Ваги, несвесно, вие сте го манифестирале животот од вашите соништа, сте ги поста...

Најчитани неделава