Одберете го идеалниот миленик според хороскопот

Дали знаевте дека постои миленик кој совршено ќе ви одговара, според вашиот хороскопски знак?

idealen-milenik-spored-horoskopot-01

Не можете да поднесете мачка или се плашите од пајаци?  Всушност, пајакот е доста компатибилен во друштво на еден од хороскопските знаци.

Проверете дали е тоа вашиот знак:

Овен

Тврдоглавиот карактер на Овенот одлично ќе се вклопи во друштвото на ирски териер.

Бик

Иако имаат тежок карактер и се затворени личности, Биковите обожаваат миленичиња кои изгледаат слатко и сакаат да се галат. Такви се слатките померанци.

Близнаци

Нема посовршена комбинација за дружење од Близнаците и милениче како што е африканскиот сив папагал. Ова се едни од најинтелигентните папагали во светот.

Рак

Иако се чувствителни, на Раковите им одговараат агресивни миленици, како што е пит булот. Покрај нив тие се чувствуваат заштитени.

Лав

Лавовите како најгорделиви знаци во хороскопот ретко признаваат дека ги сакаат милениците. Всушност и не ги сакаат, тие ги обожаваат. Посебно им одговара сијамската мачка со карактер како нивниот.

Девица

Педантните Девици ги сакаат милениците кои знаат да се грижат за личната хигиена. Нив им одговара да чуваат риби кои не бараат премногу внимание и следење на хигиенските навики.

Вага

Спротивно на Девиците, вагите не сакаат да се во близина на мачка. Нив им одговара друштвениот розенколис папагал, кој ќе биде опкружуван од хармонијата и убавината која ја шират Вагите.

Скорпија

Чудно, но докажано е дека на Скорпиите им одговара чувањето на миленик со необичен карактер како нивниот, како на пример - пајак. Тие ќе се забавуваат набљудувајќи ја пајажината и неговото необично тело.

Стрелец

Интелигентниот, силен и интуитивен германски овчар е одличен избор за Стрелците. Ова куче е едно од најлојалните меѓу другите раси на кучиња, а Стрелецот ја сака лојалноста.

Јарец

Исто како Овенот, и Јарецот е познат по својата тврдоглавост. За него германската дога е совршен миленик, компатибилен на неговиот карактер.

Водолија

Нежните и љубезни водолии ги сакаат малите раси на кучиња. Обожаваат миленичиња што се галат, па нема да погрешат доколку изберат и малечка слатка чивава.

Рибите

Нивниот превртлив карактер може да се вклопи со необичноста на игуаната или пак чувањето некоја разнобојна риба, која не бара многу внимание, но има незаборавен изглед.

Би можело да ве интересира:

5 хороскопски знаци чиј живот ќе тргне на подобро од 1 мај 2026 Под влијание на Меркур и Венера, од 1 мај 2026 година, пет хороскопски знаци ќе ...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...
Три хороскопски знаци кои ќе имаат најмногу среќа до крајот на јуни 2026 До крајот на јуни 2026 година, три хороскопски знаци би можеле да доживеат голем...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
На што да се фокусирате до крајот на 2025-та, според хороскопскиот знак? Скорпии, главниот фокус до крајот на годината треба да ви биде вашата флексибилн...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...

Најчитани неделава