Како вашиот хороскопски знак се забавува во кафана?

kako-vasiot-horoskopski-znak-se-zabavuva-vo-kafana-02

Вага

Боеми и префинети гости, Вагите сакаат кога уживаат во тивка музика и вкусна пијачка. Не е ни чудо што често одбираат елитни кафани и настојуваат да ја платат сметката. Секогаш се грижат дали чашите се полни и дали музиката е по нивна желба, за утре со задоволство да може да го раскажат настанот.

Скорпија

Елегантни, но гласни, Скорпиите секогаш уживаат во кафанската атмосфера и нема да ви дозволат да ја напуштите забавата до последен момент. Знаат добро да се напијат, но барем се пријатно друштво во таква ситуација. Обожаваат кога музиката се врти околу нив, посебно во големо друштво.

Стрелец

Обожаваат кафани, но само оние кои ги бие добар глас, во централната градска зона, каде што ќе може да уживаат, но и да ја покажат својата моќ. Кога пие знае да се контролира и секогаш сакаат да дегустираат нови јадења или алкохоли. Авантуристи се, па ретко се појавуваат во иста кафана повеќе пати.

Јарец

Јарците умеат да се опуштат само ако има тивка музика и црно вино, па дури може и нежно да заиграат. На прв поглед се повлечени и мирни, но по неколку часа знаат да се опуштат до непрепознатливост. Сакаат кога се во помали групи на луѓе, па најчесто ги одбираат најблиските пријатели за ваков тип на излегување.

Водолија

Каде и да се појават се добредојдени, па така и во сите кафани. Водолиите не пребираат, сакаат алкохол и флерт и тоа им е сосема доволно за незаборавна вечер. Неретко знаат да го гледаат изгрејсонцето на пат кон дома. И ако вечерта некој ги покани во истата кафана - без размислување ќе кажат да!

Риби

Тие се чувствуваат добро во кафана, само ако се со своите пријателки или со своето машко друштво. Избегнуваат претерано гласна музика, нападен флерт и умерени се со алкохолот. Но, тоа не значи дека не знаат да се заборават со часови. Боеми, со стил!



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Хороскопските знаци рангирани според емотивната стабилност (Скорпиите се цврсти како карпа) Бик – Како типични претставници на земјените знаци, Биковите секогаш се приземни...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg