Како да раскинете со секој хороскопски знак?

Вага

Секое прекинување, разделување ја поместува рамнотежата на Вагата и ѝ предизвикува страв, трепет и немир. Немоќна е да се соочи со вистината. Таа не се труди да менува нешто кај партнерот, туку чека самиот да ја увиди грешката и да се поправи. Ако сакате лесно да раскинете со неа само станете ситничави, вулгарни, неуредни или изневерете ја. На раскинувањето таа реагира со омраза и отменост. Но, не може да биде сама, па веднаш ќе најде друг и ќе ве заборави.

Скорпија

Има исклучителна интуиција и може да го насети раскинувањата. Тогаш ќе направи сè за да не бидете вие први кои ќе ја напуштите. Скорпијата ужива да го направи тоа прва. Сака борба, затегнати односи, драма и трагедија. Кога ќе раскинувате со неа ќе ви го приреди сето тоа. Ако сепак сте одлучни да раскинете, таа сепак уште долго ќе ве прогонува и нема да ви даде мир.

kako-da-raskinete-so-bikot-a-kako-so-devicata-3

Стрелец

Стрелецот не сака од себе да направи жртва на емоционално разочарување. Затоа сè сфаќа брзо и си заминува прв. Но, пред да одлучи да си замине ќе најде друг партнер. Ако сакате да раскинете со него, отворениот разговор нема да ви помогне. Само заминете си, тој веќе сигурно ќе има најдено некој нов. Споредувајте го со претходните партнери или кажете му дека е досаден и самиот ќе си замине.

Јарец

Неговите чувства се многу постојани и искрени. Ако навистина ве сака, тогаш ќе му биде многу тешко да ја сфати вашата желба за да си заминете. Ќе биде многу повреден и долго ќе пати. Ако го изневерите, може и да ви прости. Може да се потсмевате на неговата срамежливост и идеи, да му го критикувате семејството, потеклото, не се грижете за неговите потреби. Толку ќе биде повреден и ќе пати што нема да знае ни за себе, а камоли за вас. Тогаш ќе може да си заминете од него без проблем.

Водолија

Со оваа личност раскинувањето може да го направите многу лежерно и без трауми. Ќе ви пружи рака, ќе се насмевне и ќе ви посака среќа во иднина. Ако Водолијата одлучи да замине, тоа секогаш го прави со чувство на вина бидејќи е многу хумана и не сака никој да пати заради неа. За брзо раскинување, потребно е да ја разбеснете со плеткање во нејзините тајни и луѓето со кои се дружи. Во тој случај не само што ќе ви раскине, туку и целосно ќе исчезне од вашиот живот.

Риби

Тешки се за раскинување. Плачат и паѓаат во депресија ако одлучите да ги напуштите. Стануваат болни и несреќни и тогаш уште повеќе го сакаат оној кој ги напушта. Мора да ги натерате да си одат, но не со прељуба или грубост, бидејќи сè ќе прифатат и простат во тој момент. Но, ако ја навредите нивната личност, интелигенција, достоинство и углед, веројатно ќе ве пушти да си заминете.

kako-da-raskinete-so-bikot-a-kako-so-devicata-1



Би можело да ве интересира:

Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Која секси игра на улоги му е омилена на секој хороскопски знак (и зошто)? Во голем број текстови се спомнува секси играта на улоги како начин да ѝ дозволи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg