Женските хороскопски знаци во кревет: Жената Стрелец сака див секс, а Рибите долга предигра

zenskite-horoskopski-znaci-vo-krevet-zenata-strelec-saka-div-seks-a-ribite-dolga-predigra-02

Вага

Вагата сака додворување, подароци, скапи ресторани. Ќе се согласи на секс без проблем, но не сметајте дека ќе добиете еротски игри во кои со неа можете да бидете груби или перверзни. Нема да бара од вас некоја длабока врска, но сака кога се чувствува почитувано и разгалено, дури и во креветот.

Скорпија

Внимавајте! Кога се работи за секс со Скорпија, бидете подготвени да го дадете својот максимум. Тие се жените кои сакаат да се расправаат, па потоа да ви се одолжат во кревет. Нив ги возбудуваат драматични ситуации, па доколку сте нежен и внимателен, шансите ви се речиси невозможни. Нема потреба од преговори и покани, жените Скорпии сами ќе ве одведат во кревет, само треба да сакаат.

Стрелец

Жената Стрелец сака див секс, ризик и невозможни ситуации. Кај неа предизвик е она што за сите други жени е незамисливо. Со неа можете отворено да разговарате за сексот, и ако сака да ужива едноставно ќе ви каже: „Ајде!“ Лесно ќе се согласи на водење љубов во парк, на јавно место, лифт, во било кое време.

Јарец

Жените родени во овој знак бараат заштита и наклонетост исклучиво кон нив, како во животот, така и во сексот. Срамежливи се, но кога малку ќе ја охрабрите и ќе ја заслужите нејзината доверба - патот до спалната соба ви е загарантиран. Задолжително исполнувајте и ги желбите во креветот, затоа што тоа е единствениот начин да ви ја возврати „услугата.“

Водолија

Водолиите сакаат да им пријдете на необичен и оригинален начин. Таа точно знае што сака, а во креветот веднаш презема инцијатива. Кај неа нема длабоки емоции, сè е забава. Најдобро е да го побарате она што го сакате, директно и без срам, ако сакате истото да го добиете. Но, не се чудете ако имате непристојна понуда проследена со секси помагала и играчки.

Риби

Жените Риби се претерано чувствителни, па токму затоа сакаат долга предигра. Со неа никогаш не знаете што ве чека, но сексот никогаш нема да биде досаден. Бидејќи по природа сакаат да фантазираат, замислете колку креативни можат да бидат и во креветот. Ако го пронајдете вистинскиот начин, од неа ќе добиете буквално сè, вклучувајќи ја и вашата најголема еротска желба.



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Летен хороскоп за 2023: Нова љубов за Близнаците, голема авантура за Вагите Лав - Во текот на летото ќе ви биде тешко да направите баланс помеѓу приватниот ...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg