Афродизијаци за секој знак: Биковите ги возбудува мед, а Рибите се согласуваат на сè после чаша вино

afrodizijaci-za-sekoj-znak-bikovite-gi-vozbuduva-med-a-ribite-se-soglasuvaat-na-se-posle-casa-vino-02.jpg

Вага

Вагите уживаат во заведување многу повеќе отколку во самиот секс. Затоа што предиграта им е важна, не сакаат секс на брзина. Имаат големи побарувања и тешко е да ги задоволите. Исто како и Лавовите, и Вагите бираат само атрактивни партнери. Желбата за секс лесно им ја будат пријатни мириси. Една коцка чоколадо им е сосема доволна за да станат огнени во креветот.


Скорпија

Скорпиите сакаат да истражуваат и да експериментираат. Уживаат во секси приказните и сакаат да опишуваат што ги возбудува. Важно им е партнерот да биде без предрасуди и да биде во добра форма. Сакаат малку погруб секс од вообичаено. Сакаат и секс на јавно место, посебно ако е ризичен. Тартуфите се нивен афродизијак.


Стрелец

Стрелците го разбираат сексот како вид забава, а во заведувањето уживаат до крај. Сакаат партнерот пред сексот да им каже што да прават, а сексот на отворено им претставува посебно задоволство. Најважно им е тие да бидат задоволни, па може да се наречат себични. Вешти се во еротските масажи и сакаат да користат сексуални помагала. Биберот им е најсилен афродизијак.


Јарец

Јарецот е многу страствен, иако е тешко за верување, но откако ќе легнете во кревет со него сигурно ќе се уверите. Сака да ја преземе контролата и да го одреди ритамот, а го возбудува врзувањето. Не е претерано креативен, но затоа е незаситен и издржлив. Униформите му се фетиш, а го возбудуваат допирите по стомак и колена. Ванилата е негов афродизијак.


Водолија

Водолиите се оригинални во сексот и сакаат да експериментираат. Не сакаат долга предигра, а контактот со очи им е задолжителен. Водолиите сакаат да ги гледаат другите за време на секс, но сакаат и да бидат гледани или снимани. Подготвени се на се и сешто, но не сакаат кога партнерот ги гледа како предмет. Авокадото им е тајната состојка која им ги буди сексуалните фантазии.


Риби

Рибите пред се сакаат да го задоволат партнерот. Сакаат долго да се бакнуваат пред сексот. Само нежноста може да ја разбуди нивната страст. Сакаат да се подредени во сексот и прифаќаат се што партнерот ќе им предложи. За нив посебно стимулативна е романтичната атмосфера со свеќи и тивка музика. Нормално, виното е нивниот најголем афродизијак.



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Во каков секс е најдобар секој хороскопски знак? (18+) Вагите најдобро знаат како да ве доведат до работ на оргазам, а потоа да се повл...
Каква предигра му треба на секој хороскопски знак за инстантно да се возбуди? Лав - Секогаш им е важно да бидат во фокусот на вниманието и за нив вистинска пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg