Каква жена му треба според хороскопскиот знак: На Бикот забавна, на Скорпијата посветена

kakva-zena-mu-treba-spored-horoskopskiot-znak-na-bikot-zabavna-na-skorpijata-posvetena-02.jpg

Вага

Неодлучноста и непријателскиот став се двете маани ма овој маж. Но, за среќа секогаш може да направи компромис. Во прво време ќе ви биде тешко да разграничите дали е заљубен или само добро воспитан. Овие мажи никогаш не сакаат да се сами, секогаш се со семејството или пријателите, а ако имаат време ќе се видат и со вас. Добрата страна е што знаат да се извинат, а она што никако не го сакаат се бесмислените кавги.


Скорпија

Овој маж тешко се врзува, а склон е и кон мешање на сексот со љубовта. Него му е важно да ја добие дневната доза задоволство, се друго може да почека. Љубоморен е и посесивен затоа што е често несигурен. Ако мислите дека имате вишок енергија и фантазии, тогаш посветете му се. Во спротивно, ако не сте подготвени за тотална посветеност, не влегувајте во никаква врска со него. Со Скорпијата нема компромис и каење.


Стрелец

Непостојан и променлив, овој весел маж нема долго да се задржи покрај вас ако постојано му го контролирате времето и му ги наметнувате ставовите. Тој ја сака слободата повеќе од се и не планира ништо да промени кај себе, туку очекува партнерката да го следи неговиот ритам.  Никогаш не знае што сака, но знае што не сака. Својата животна филозофија нема да ја промени за ништо на светов, затоа не му кажувајте што да прави. Во спротивно, со задоволство ќе ве испрати до вратата.

kakva-zena-mu-treba-spored-horoskopskiot-znak-na-bikot-zabavna-na-skorpijata-posvetena-04.jpg

Јарец

Тој може да зборува со денови, но и да чека со денови. Тоа не ви оди во прилог ако чекате Јарецот да го направи првиот чекор. Иницијатива речиси и да нема во него, затоа не очекувајте многу. Ако е веќе во врска, мора се да биде по прописи. Бавен е, но и темелен. Треба да ги издржите сите негови тестови. Ако немате трпение, подобро е да го избегнувате како партнер.


Водолија

Тешко е да го наканите да се ожени и врзе, затоа не се надевајте премногу. Тој сака да живее за друштвото, за излегувања, мажот Водолија не е за заедница која вклучува обврски. Бракот не го сфаќа сериозно, односно се однесува како воопшто да не постои, тоа е само хартија. Неговата тајна е во тоа што ќе прифати само жена која сака да му биде пред се пријател, па потоа се друго. Додека не најде таква, верноста нема да му биде силна страна.


Риби

Тешко се отвора пред било која жена, затоа прво мора да биде сигурен дека се работи за жена која ќе сака да се вклопи во неговиот живот, па потоа да тргне во акција. Важно му е партнерката да не го ограничува, затоа што таквата врска му ја црпи енергијата. Љубител е на музика и филмови, па ако не сте заинтересирани за уметност или прилагодување, тогаш тргнете се на страна. Не се заљубува лесно, затоа многу важно е да оставите добар прв впечаток.



Би можело да ве интересира:

Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Три судбински промени за секој хороскопски знак во 2026-та - Што да очекувате следната година? 2026-та нема да биде година на грандиозни планови, туку на повеќе помали, внатре...
Какво детство сте имале, според хороскопскиот знак на вашата мајка? Ако вашата мајка е родена во знакот на Стрелец, тогаш вашето детство била една д...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
Љубовен хороскоп за јуни 2026: Раковите може да ги очекува развод, Вагите „паѓаат“ на личности кои б... Голем дел од знаците може да имаат здодевна врска, исполнета со монотонија, но и...

Најчитани неделава