Летен секси хороскоп: Скорпијата треба да си ги исполни фантазиите, Рибите треба да пробаат секс во вода

leten-seksi-horoskop-skorpijate-treba-da-si-gi-ispolni-fantaziite-ribite-treba-da-probaat-seks-vo-voda-02.jpg

Вага - Бидете немирни на плажа

Купете еротски роман и читајте му на глас на партнерот додека сте на плажа. Двајцата ќе посакате нешто повеќе, па секое чекање до спалната соба или барем до првото скришно место ќе ви ја зголеми сексуалната тензија.


Скорпија - Запишете ги фантазиите на хартија

Детално опишете ги фантазиите и евентуално нацртајте ги. А потоа случајно оставете ја хартијата на место каде што партнерот или некој потенцијален партнер ќе ја види. Нема да помине многу време пред да ви ги исполни фантазиите.


Стрелец - Побегнете од секојдневието

Ако направите само еден поразличен чекор, ќе ви биде доволно. Разбудете го авантуристот во вас и започнете скриена романса која ќе ви го задоволи духот и егото. Впуштете се во нови активности и препуштете им се на новите познаници и понуди.

leten-seksi-horoskop-skorpijate-treba-da-si-gi-ispolni-fantaziite-ribite-treba-da-probaat-seks-vo-voda-05.jpg

Јарец - Ослободете се

Заборавете на работата и избегајте на некое мирно место. Изнајмете соба во која по цел ден ќе можете да шетате сами и голи. Од време на време побарајте друштво и искористете го за да ја залечите „осаменоста“.


Водолија - Бидете активни

Одете во некој забавен парк или на концерт. Сами или со партнер, изборот е ваш. Големите забави обично ги зближуваат луѓето, па токму таму може да пронајдете некој што го бара истото како и вие. Дајте шанса.


Риби - Пробајте секс во вода

Водата е теренот на кој Рибите најдобро функционираат, па затоа ова лето пробајте секс во море, на некоја пуста плажа или ако сакате опасност, на некое место полно луѓе. Само внимавајте на погледите и камерите.



Би можело да ве интересира:

4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
Една навика од која треба да се ослободите пред крајот на 2025-та, според хороскопскиот знак Риби, голем дел од времето мечтаете и упорно бегате од проблемите. Ако сакате 20...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
Драстичната животна промена што наскоро ве очекува, според хороскопскиот знак Ракови, ќе си ја промените перспективата за нешто важно, и тоа благодарение на л...

Најчитани неделава