Кои 3 хороскопски знаци најмногу лажат?

oi-3-horoskopski-znaci-najmnogu-lazat.jpg

Дали некогаш добро сте се „изгореле“ затоа што сте се довериле на некој од пријателите, а потоа за ова дознал кој треба и кој не треба?

Проверете да не случајно сте си имале „работа“ со овие знаци, или можеби сте еден од нив.

Близнаци

Во еден момент се во состојба да ви ветуваат брда и долини. Ветувањето дека ќе ве заштитат и дека ќе ви помогнат во секое време – заборавете го веднаш. Нивните чувства се моментални и имаат краток рок на траење. Ако вашиот договор е врзан со временски рок, сметајте дека Близнакот нема да се појави. Мислите им се конфузни и често забораваат што се договориле и што ветиле. Ако им се доверите, немојте да очекувате дека тајната ќе ја „понесат во гроб“. Често прават работи зад грб и важат за личности кои не се верни на своите партнери.


Вага

Не затоа што е склона на лаги, Вагата ќе ве изневери затоа што нејзините одлуки се менуваат како што дува ветерот. Таа е во состојба да го промени мислењето со брзина каква што не можете да насетите. Ако нешто ви ветила, незината друга половина од мозокот во истиот момент го сменила мислењето. Кога ќе сфатите дека сте изиграни и Вагата ќе се почувствува загрижена, па ќе смисли еден куп изговори и оправданија.


Риби

Лажат – сушат! Тие живеат во своите илузии и почнуваат да веруваат дека се вистинити. Ако успеете да ги разбудите од сонот во кој живеат и им објасните дека се лажат и себе си и околината, слободно простете се од нив затоа што не сакаат никој да им соли памет. Соочувањето со вистината не им оди од рака. А „симнувањето на маската“ сериозно го загрозува нивниот идентитет.

Би можело да ве интересира:

Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...
Летен хороскоп за 2023: Нова љубов за Близнаците, голема авантура за Вагите Лав - Во текот на летото ќе ви биде тешко да направите баланс помеѓу приватниот ...
Мрачен хороскоп: Во кои знаци се раѓаат најмногу сериски убијци? На листата сериски убијци родени во знакот на Скорпија има седум имиња, а меѓу н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg