Каков е секој хороскопски знак во училиште: Девицата секогаш брише табла, Лавот седи на катедра

Детето ви тргна на училиште? Или ве интересира како ќе се однесува за некоја година кога ќе почне? А, можеби и вие сакате да откриете какво дете сте биле како мали...

kakov-e-sekoj-horoskopski-znak-vo-uciliste-devicata-sekogas-brise-tabla-lavot-sedi-na-katedra-01.jpg

Прочитајте си еден забавен хороскоп кој го опишува секое дете во училиште.

Кој брише табла, кој си го мести приборот на работ од масата, а кој е најдотеран?

Овен

Малиот Овен уште од првата минута пробува да е главен. Во трчањето накај училиште никој нема да го запре, исто како и во освојувањето на училницата. Си седнува во прва клупа и од тогаш па до 10-ти јуни се обидува да ги наметне своите ставови и да биде претседател на одделението.


Бик

Бикот е мирно дете, но ќе стане целосна спротивност ако некој му стапне на нерв. Покрај книгите и приборот, во неговото ранче секогаш има грицки и сендвичи, па знае и да си касне на сред час. Со задоволство ја прифаќа улогата на благајник во одделението.


Близнаци

За Близнаците училиштето е рај, полн со деца и нови лица за запознавање. Тешко дека ќе ги замолчите додека зборуваат на час. За нив часовите се игра, која по само неколку дена може да им стане здодевна. Обожаваат да си наоѓаат нови соговорници на неколку недели.


Рак

Раковите се мирни и добри деца, па брзо стануваат миленици на учителките. Одлично се сложуваат со девојчињата и не е чудо што сакаат да се дружат со нив, попрво отколку со бесните момчиња. Ако случајно се здружат со немирни деца, стануваат главни во сите бељи.


Лав

Малиот Лав треба од почеток да го учите дека катедрата е место за учителката не за него. Од првиот час пробува да биде главен, а ако случајно му се понуди да биде претседател, тешко на соучениците. Лавовите се добри другари и сакаат да помогнат во неволја, но само ако и понатаму се во центарот на вниманието.


Девица

Кога ќе видите совршено испишани тетратки, сочувани и завиткани книги во украсна хартија, наместен прибор и моливи подредени по големина, знаете дека на тоа место седи Девица. Вредни се, па нема да имаат проблем по цел ден да ја бришат таблата. Ако на некое детенце му треба помош - први се.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
7 месеци во кои се родени луѓето што не знаат да излажат (дури и ако пробаат) Родените во април се искрени до крајност. Отворено го кажуваат она што сите го м...
Какво детство сте имале, според хороскопскиот знак на вашата мајка? Ако вашата мајка е родена во знакот на Стрелец, тогаш вашето детство била една д...
Една навика од која треба да се ослободите пред крајот на 2025-та, според хороскопскиот знак Риби, голем дел од времето мечтаете и упорно бегате од проблемите. Ако сакате 20...

Најчитани неделава