Како изгледа еден работен ден со сите 12 хороскопски знаци во иста канцеларија?

На работа пред сите доаѓа сериозниот и намрштениот Јарец, кој веднаш седнува на столчето и ги зема документите во раце, уште пред првото утринско кафе.

kako-izgleda-eden-raboten-den-so-site-12-horoskopski-znaci-vo-ista-kancelarija-001.jpg

Кратко после него стигнува Девицата која прво зема крпа и го пребришува бирото, пенкалата, тастатурата и телефонот, па дури после тоа се фаќа за работа.

Бикот влегува бавно и мрзливо и прашува - Уште никој не направил кафе?

Ракот влегува со сите и топло се поздравува, по што се јавува на мајка му да праша како е или на партнерот/партнерката да праша дали безбедно пристигнал/а на работа. Дури потоа може сериозно да и пристапи на работата.

Вагата влегува дотерана, со облак од парфем зад себе и само гледа на кој да му ја подвали тешката задача која ја чека денес.

Стрелецот влегува насмеан од уво до уво и соопштува дека денес нема да може многу да работи, затоа што договара патување.

Близнакот влетува во канцеларијата со телефонот во рака, затоа што е во хаос. Пие кафе на брзина и излегува. Откако ќе се врати, ќе сфати дека заборавил уште нешто, па повторно хаотично се враќа од каде што дошол.

Бикот соопштува дека е гладен и прашува дали некој нешто сака за појадок?

Рибата зева и гледа на часовникот уште колку има до крајот на работното време. Гледа дека има уште многу, па се жали дека мора да оди на доктор.

Девицата ја замолува и неа да и најде „термин“ кај докторот.

Овенот станува и вели дека мора нешто да заврши и ќе се врати брзо. Девицата веќе му префрла дека паузата му траела цел час и работното време не е за приватни обврски.

Водолијата мирно работи на својот компјутер додека паралелно разговара со пријател на телефон.

Лавот шеф влегува и вели да му порачаат кафе и да дојдат сите на краток состанок.

На состанокот Овенот веднаш ја искажува новата идеја поврзана со работата, а Водолијата додава нешто многу понапредно.

Јарецот само превртува со очи и вели дека ако е ново не значи дека е добро, Бикот го поддржува.

На Близнакот му ѕвони мобилниот, по што добива опомена од Лавот. Близнакот го убедува шефот дека има информација од прва рака, но Лавот не му верува затоа што се сомнева дека е трач.

Вагата се плаши дека работата и е ризична, додека Скорпијата додава дека оној кој не ризикува не профитира.

Јарецот молчи, гледа на часовникот, резервиран е околу промените, затоа што смета дека промената не секогаш е најдобриот избор.

Рибата молчи и не сака да коментира, па ја препушта иницијативата на другите соработници.

Ракот напоменува дека сите се како семејство, но предлага дека е најдобро Лавот да го каже своето мислење затоа што тој е авторитетот.

Лавот театрално го изнесува своето мислење, па брзо потоа Водолијата влегува во кавга со шефот, затоа што не го сака авторитарното однесување.

Во тој момент му ѕвони мобилниот на Лавот и ја напушта просторијата, притоа потсетува сите добро да размислат за денешната тема на состанокот.

Би можело да ве интересира:

Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
4 хороскопски знаци кои си ја планираат свадбата уште додека се сингл Близнаците сакаат однапред да имаат испланирано сè, вклучувајќи ја и нивната сва...
Какви се хороскопските знаци кога ќе станат на „лева нога“ (а какви кога денот им е убав)? Бик – Ќе ве изненадат со своите бурни реакции и способност за преувеличување, а ...
Љубовен хороскоп за јули 2023: Бикoви – ќе се впуштите во страстна авантура, Скорпии – не правете љу... Лав - Ако сте слободни, во јули ќе сакате да шетате, да се забавувате и да ...
Финансиски хороскоп за август 2023: Кој знак ќе се збогати, а кој ќе има проблеми со парите? Некои Ракови ги очекува непланирана добивка, па со парите ќе ги платат заостанат...
Во каков секс е најдобар секој хороскопски знак? (18+) Вагите најдобро знаат како да ве доведат до работ на оргазам, а потоа да се повл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg