Со кого во врска, а со кого авантура? Овните одлично се согласуваат со Лавовите, а Скорпијата и Бикот „за една вечер“

so-kogo-vo-vrska-a-so-kogo-avantura-ovnite-odlicno-se-soglasuvaat-so-lavovite-a-skorpijata-i-bikot-za-edna-vecer-1.jpg

Вага

За врска: Со Водолијата можете да имате прилично интересен однос полн со возбудливи моменти. Со сигурност ќе уживате во заедничките моменти. И двајцата сакате предизвици и патувања.

За авантура: Никој не може да ги разгори страстите во вас, како Овенот. Знае како вистински да ве задоволи.


Скорпија

За врска: Со Рибата можете да уживате во однос исполнет со нежности и романтика. Во сè се надополнувате.

За авантура: Страствени моменти можете да имате со Бикот, уште при првата средба ќе почувствувате силна привлечност кон него.


Стрелец

За врска: Со Лавот можете да остварите динамична и складна врска. Нему ќе му давате простор да се развива, а Лавот ќе знае како да ве заштити.

За авантура: Незаборавни моменти во креветот можете да имате со Близнаците. Колку сте во другите полиња различни, толку се вклопувате во ова.


Јарец

За врска: Со Бикот можете да имате стабилна врска. Верни сте еден на друг и се поддржувате во сè.

За авантура: Со Ракот страстите можат да пламнат во секунда - еден на друг никогаш нема да си досадите.


Водолија

За врска: Со Близнаците можете да имате однос кој никогаш не е монотон. И двајцата сте друштвени и слично размислувате.

За авантура: Лавот е тој кој може да ви овозможи незаборавни моменти. Кога ќе се најдете во иста просторија, зрачите со привлечност еден кон друг.


Риби

За врска: Со Ракот можете да имате однос полн со разбирање и почит, а водено и врска во која нема да ви недостасува романтика.

За авантура: На Девиците не можете да им одолеете, помеѓу вас постои хемија која веднаш ви го поматува умот.

Н. Г. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Како да се ослободите од насобраниот гнев, по ретроградниот Меркур? Рак - Како мошне емотивни луѓе, вие сте под стрес пред, за време и по ретроградн...
Една причина поради која секој хороскопски знак станува злобен кон вас во врската Девицата повеќе сака да е сингл отколку во врска со некој со кого не може да се ...
Како да го задржите интересот на партнерот во врската, според хороскопот? Овен – Сакаат да бидат со некој што ќе ги предизвикува, ќе им биде партнер во ав...
Хороскопски знаци кои знаат да заплачат и на најмалите ситници Личностите родени во знакот Рак се познати по својата длабока чувствит...
Што да правите во зима за да се чувствувате посреќни, според хороскопскиот знак? Бикови, размислете што можете да промените во домот - дали можеби ќе ставите нек...
Финансиски хороскоп за 2024: Кој знак ќе се збогати, а кој ќе има проблем со парите? Бик - Оваа година ве очекува стабилен финансиски раст. Најповолен период на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg