Хороскоп за свекрви: Бикот го пика носот во сè, а Стрелецот обожава да озборува

Знаете што ви е свекрвата во хороскоп? Ако одговорот ви е позитивен, тогаш ќе знаете и како да ја скротите. Или во најмала рака да се насмеете.

horoskop-za-svekrvi-bikot-go-pika-nosot-vo-se-a-strelecot-saka-da-ozboruva-01.jpg

Каква е вашата свекрва?

Овен

Постојано е во движење и сака да наредува. Кога ќе ги среди сопругот и децата, секако, на ред доаѓате и вие. Единствено нешто што можете да направите е да не обрнувате внимание на нејзините негодувања или, уште подобро, не дозволувајте нејзиниот збор да биде последен. Не ја подвивајте опашката, гледајте ја во очи, а ако работата излезе од контрола, за секој случај, купете си заштитен шлем.

Бик

Таа секојдневно ќе плете невидлива мрежа околу вас, од која со сигурност нема да можете да избегате. Ќе ви се плетка во сè. Ќе ве советува околу храната, облекувањето, парите, а богами и околу сексот. Ќе ви кажува како сака сè што сакате и вие, а позади грб, ќе ве озборува како немате вкус. Не може да се опише колку е тврдоглава и не попушта ниту за милиметар.

Близнаци

Оваа жена има јазик кој секого може да избезуми. Прво лукаво се притајува, ја снима ситуацијата, ви ги воочува слабите точки, а потоа напаѓа. Меле сто на час, ги употребува најсликовитите изрази и се меша апсолутно во секој аспект од вашиот живот. Од неа никогаш нема да добиете совет како се чисти, подготвува, пере и готви. Домашните работи не ја интересираат, па не сака да зборува за тоа.

Рак

Под нејзината мајчинска маска се крие една од најстрашните свекрви на Зодијакот. Со неа навистина нема шала. Каде удира, таму треба не расте. Ако самите не се согласите да играте по нејзините правила, таа ќе ве натера - сепак, во прашање е нејзиниот син. Ако успеете да и влезете под кожа и да ја освоите нејзината доверба, тогаш ќе можете да си работите по свое.

Лав

Заборавете на демократија и човекови права. Ни Стразбур не може да ви помогне. Таа не прашува, туку наредува. Тера по свое, не се потпира на никого, а не посебно на својата снаа. Но, таа не го прави тоа од пакост, туку спонтано - после се, таа е Лав. Затоа, во старт покажете ѝ заби. Таа е сè само глупа не и единствено нешто што цени е достоен противник.

Девица

Педантна, паметна и убаво воспитана свекрва, од која после недела дена заедничко живеење со сигурност ќе ве здоболи главата. За среќа, дискретна е, па нема да го пика носот во вашите работи. Ако процени дека треба да се вмеша, ќе ви ја пие крвта дискретно и фино. Што е најчудно, по некое време самите ќе почнете да верувате во тоа што го рекла. Единствен лек е емиграцијата кон Нов Зеланд, на пример.

Уште 6 хороскопски знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

4-те најнеодлучни хороскопски знаци Ваги, кога треба да одлучите нешто, вие како да се парализирате… Кои други ...
Кога ќе почнат да зборуваат, тешко да ги запрете – Кои се најзборливите хороскопски знаци? Можеби ќе се зачудите што и Водолиите се наоѓаат на оваа листа зашто тие најчест...
Кој штеди, а кој троши повеќе отколку што има: Какви се хороскопските знаци со парите? Скорпиите го штедат поголемиот дел од заработката и обично трошат само на неопхо...
6 хороскопски знаци кои не примаат наредби и не можете да ги контролирате Познато е дека Овните се многу тврдоглави и тие веруваат дека во секоја ситуациј...
Летен хороскоп за 2023: Нова љубов за Близнаците, голема авантура за Вагите Лав - Во текот на летото ќе ви биде тешко да направите баланс помеѓу приватниот ...
Љубовен хороскоп за август 2023: Овни – ќе се жртвувате за саканата личност, Ракови – го наведувате ... Вага - Ако започнете некоја афера или паралелна врска, треба да бидете особено в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg