Хороскоп за свекрви: Бикот го пика носот во сè, а Стрелецот обожава да озборува

horoskop-za-svekrvi-bikot-go-pika-nosot-vo-se-a-strelecot-saka-da-ozboruva-1.jpg

Вага

Вагата е една од најпрефинетите, но и најитри свекрви во Зодијакот. Секогаш е беспрекорно средена како за на изложба. Целата пензија ја троши на козметика, па ќе биде толку стокмена, таман постојано да ви замерува дека не сте доволно уредни и дека не водите сметка за нејзиниот син. Најдобро оружје против неа е игнорирањето. Не обрнувајте внимание на нејзините нови чевли и преправајте се дека не сте ја забележале нејзината нова фризура. Тоа ќе ја извади од такт.

Скорпија

Со неа нема лесно да се разберете. На моменти е нежна и искрено сака да ви помогне, а потоа има потреба да сруши сè пред себе. Не го штеди ниту сопствениот син, а не вас, која за неа сте никој и ништо. Со неа можете да бидете или пријател или непријател, но ве советуваме да го изберете првото, бидејќи во спротивно, ќе ги загубите сите битки.

Стрелец

Со неа никогаш нема да ви биде здодевно. Умее долги часови да зборува и да озборува за тоа што се случува низ соседството, што понекогаш може прилично многу да иритира. За среќа, умее и да застане кога треба. Оваа жена ја почитува туѓата слобода. Никогаш не ја избегнувајте, бидејќи секако, ќе ве пронајде. Кога гледате дека може да дојде до конфликт, гледајте да и кажете некој добро замислен трач, а таа ќе биде мирна како бубачка.

Јарец

Пред вас стои силен, тежок и упорен противник. Тешко дека на неа ќе успеете да ѝ најдете слаба точка. Кога во животот навистина ќе ви затреба помош, таа ќе биде тука за вас. Но, немојте да мислите дека можете да ја искористите и да се ослободите од неа. Мудра е и знае што сте намислите пред да го направите првиот потег. Ако сакате да ја поразите, доволно е да ја вознемирите. Кажете ѝ дека изгледа лошо и дека нешто не е во ред со неа. Тоа зо сигурност ќе ја разниша.

Водолија

Необична и весела свекрва. Повеќе ја интересираат проблемите на јужноафриканските верверици отколку тоа што ќе јаде утре. Не ѝ пречете и вашите односи ќе бидат одлични. Ако сакате да ја оддалечите од себе, определете се за некој облик на ладна војна, бидејќи силата ништо не прави против неа. Сепак, бидете внимателни. Комбинацијата на хистерија и ладнокрвен, висок интелект едноставно ќе ја натераат сите свои проблеми да ги истури на вас.

Риби

Кога во домот имате свекрва во знакот Риви, тогаш можете слободно да кажете дека опасно сте стапнале во кал. Таа толку многу го размазила сопствениот син, што тој и сега кога е возрасен човек, сака да го негувате онака како што го негувала неговата мајка. Па, ако треба да го делите животот со неа, тогаш ќе треба да станете и нејзина копија. Сè ќе мора да биде убаво и складно за нејзиниот син да биде крал на престолот.

Н. Г. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...
4 хороскопски знаци кои си ја планираат свадбата уште додека се сингл Близнаците сакаат однапред да имаат испланирано сè, вклучувајќи ја и нивната сва...
Љубовниот совет што ви е потребен овој Валентајн, според хороскопскиот знак Бикови, заборавете на љубовните болки од минатото и веднаш ќе забележите промена...
Каде ќе ја запознаете љубовта на својот живот, според хороскопскиот знак? Авантуристичките Ваги сакаат да го живеат својот живот со полни гради. Зато...
Како да се справите со стресот од работа за да не „прегорите“, според хороскопскиот знак? Близнаци лесно се справувате со неколку проблеми одеднаш, но ова ви предизвикува...
Финансиски хороскоп за февруари 2024 - Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблем со парите? Стрелец - на почетокот на месецов ве очекува финансиска добивка, но внимавајте к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg