Попрво рака во оган, отколку да кажат „Те сакам“: 2 хороскопски знаци кои не покажуваат љубов

Не станува збор дека тие не знаат да сакаат, едноставно не знаат како да го покажат тоа. Ако живеете со овие знаци, ќе мора да се потрудите да го прочитате она што го кажуваат меѓу редови.

poprvo-raka-vo-ogran-otkolku-da-kazat-te-sakam-2-horoskopski-znaci-koi-ne-pokazuvaat-ljubov-001.jpg

Тие изгледаат студени и нечувствителни, но тоа е само на прв поглед. Додека вие се нервирате, бидејќи им е тешко да кажат дури и „Те сакам“ можеби сè што треба да научите е да ги следите знаците со кои сето тоа ви го покажуваат.

Јарец

Студени и надмоќни, тоа е првиот впечаток за луѓето родени во овој хороскопски знак. Ако треба да ги опишат, луѓето го споредуваат со непробојна тврдина до која ништо не допира и не влијае.

Кога размислуваат за работите кои ги мачат меѓу своите четири ѕида, во состојба се да плачат и лелекаат цела ноќ.

Под услов да се сами во куќата, се разбира. Штом помислите дека сте го срушиле бедемот околу нив, сфаќате дека постои втор, па трет и така до недоглед.

Но, штом го сфатите тоа и решите дека е време да кренете раце и да се откажете, уривајќи ги нивните бедеми ќе сфатите дека тие сепак имаат чувства и тоа многу многу подлабоки од што сте мислеле.

Стравот од повредување е оној кој ги спречува да ги покажат чувствата па тие едноставно ги закопуваат длабоко во себе.

Попрво ќе стават рака во оган отколку да кажат некому дека го сакаат и се грижат за него. Сепак, нивнита заштита паѓа во вода штом некој ги пробие нивните ѕидови. А, за тоа ќе ви требаат нерви од челик и многу трпение.

Лав

Она со кое Лавот не може да се справи е суетата која го спречува да се отвори и да ја покаже својата ранливост пред друго лице, дури и ако тоа е некој кој го познава цел живот.

Никогаш не кажува ништо од што се срами, па секогаш ќе имате впечаток дека тој знае многу повеќе за вас отколку што знаете вие за него. Лесно му е да ве остави на цедило и тешко ќе ја прифати својата грешка.

„Извини“ е збор кој нема лесно, ако воопшто некогаш се пружи таква шанса, да го слушнете. Дури сфати дека греши, никогаш нема да го признае тоа – ниту себеси, а уште помалку на другите.

Во неговиот ум, тој е совршен. Полесно ќе му извадите заб отколку зборови со кои ќе изрази чувства.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во која област ќе ве следи најмногу среќа во 2026-та, според месецот на раѓање? Ако сте родени во јануари, годинава конечно ќе имате можност да ги наполните бат...
3 хороскопски знаци на кои ќе им падне камен од срце во февруари (и ќе им дојдат полесни денови) Кои хороскопски знаци после долг период на грч и стрес конечно ќе почнат да диша...
5 хороскопски знаци чиј живот ќе тргне на подобро од 1 мај 2026 Под влијание на Меркур и Венера, од 1 мај 2026 година, пет хороскопски знаци ќе ...
3-те грешки што упорно ги повторувате оваа година, според месецот на раѓање Јануари – секогаш го очекувате најлошото, немате рамнотежа меѓу работата приватн...
Кои се среќни денови во ноември за секој хороскопски знак? Секој месец носи по неколку среќни денови за секој хороскопски знак. За некои та...
Кој е вашиот митски заштитник според хороскопскиот знак (и како ви влијае тоа на карактерот)? Скорпиите ги карактеризира силна енергија, страст и храброст, па не е чудо што с...

Најчитани неделава