Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


3 хороскопски знаци кои се родени победници

Сите сакаме да бидеме успешни. Во моментот кога ја добиваме таа желба на небото се појавува планета која ни испраќа посебен знак.

3-horoskopski-znaci-koi-se-rodeni-pobednici-1.jpg

За една личност да биде моќна, славна, силна и успешна мора да има барем три планети кои ја красат и ѝ ја даваат таа моќ. Но, сепак планетата која најмногу со поврзува со успехот е Јупитер.

Покрај Јупитер мора да го имаме енергичниот Марс кој ги активира сите сфери, давајќи волја и, секако, Сатурн без кого не може да се постигне ништо, бидејќи без дисциплина и стратегија сите планови пропаѓаат во вода.

Овен – предодреден за лидер

Овенот пред сè е храбар знак. Ентузијазмот и одлучноста се главните особини на овој знак. Ако сакате нешто да биде завршено, дајте му го нему.

Неговата продорност и проникливост го прават одличен шеф, директор кој секогаш е во некакво движење, а токму таа енергија им ја пренесува на сите во фирмата.

Доследно ги исполнува ветувањата, но истото го очекува и од останатите.

Најмногу мрази лаги, озборувања и предавство. Тој би бил одличен хирург, градежен инженер, војник, офицер, актер или најдобар комичар како што некогаш бил Чарли Чаплин. Тој е љубовник како познатиот Казанова или одличен политичар кој ќе успее во секоја своја замисла.

Затоа, ако се најдете во близина на овој знак знајте дека нема бегање.

Подгответе се за работа и дајте го и последниот атом сила кој го имате, бидејќи само така ќе успеете да победите, но и да освоите поени кај овој знак.

Стрелец – оптимист, аристократ

Владетел на овој знак е планетата Јупитер. Онаму каде се наоѓа оваа планета во нашата натална карта, таму лежи и нашата среќа. Овој знак токму како и неговата планета владетел претставува моќ, успех, уживање...

Стрелците се препознатливи по нивниот млад дух, надворешната убавина, атлетската градба, но и постојаната насмевка на лицето, желбата за патување и добра храна.

Стрелецот е отмен аристократ, кој понекогаш се претвора во нескротлив бунтовник, кој ги почитуваа традициите, но сепак го следи својот пат.

Сепак, соработката со Стрелецот не е баш лесна, бидејќи понекогаш знае да биде многу арогантен и строг.

Животните желби на овој знак се големи, но тој секогаш наоѓа начин да ги оствари. За овој хедонист не постои поголема казна од живот без задоволства и пари. 

Јарец – деспот, авторитет

Без оглед колку лоши работи се поврзувале, уште од најстари времиња, со планетата владетел на овој знак, сепак тоа е планетата од која започнал светот.

Јарецот се смета за еден од највлијателните знаци на зодијакот.

Јарецот своите успеси ги должи на својата дисциплина, работа и стратегија, нешта кои ги користи при секоја работа.

Тој е знак кој не се плаши од стресот или загубата на работното место, бидејќи знае дека тоа е местото кое природно му припаѓа. Неговиот авторитет е нешто со кое се раѓа и кое останува засекогаш главна црта во неговиот карактер.

Јарецот е успешен доктор, хемичар, биолог, политичар, банкар, адвокат, композитор, пејач...

Совршен пример за тоа е Елвис Присли роден токму во овој знак.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Една работа со која секој хороскопски знак ги нервира луѓето околу себе Рибите се најчувствителни од сите хороскопски знаци. Па, ако кажете нешто што не...
Скриената дарба што секој хороскопски знак ретко ја користи (и не е ни свесен за неа) Бикови, иако сакате стабилност, вие сепак сте емоционално флексибилна личност и ...
3 хороскопски знаци на кои 2024-та ќе им заврши успешно и 3 што ги очекува хаос на секое поле Раковите ќе се најдат пред сериозни тестови и искушенија, заради својата емотивн...
5 хороскопски знаци кои ќе пронајдат вистинска љубов во 2025-та (и можеби ќе стапат во брак) Рак - Вие имате емоционална длабочина и искуство за воспоставување на длабоки вр...
Една причина зошто (не) треба да се омажите за него, според неговиот хороскопски знак Јарци - Негативна страна им е што знаат да бидат исклучително тврдоглави, ќе сак...
Годишен хороскоп за 2025-та: Лав За родените во знакот на Лав, 2025-та ќе биде моќна година, во која ќе се истакн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg