Кои се најголемите невернички во хороскопот?

Сите ние грешиме, но мора да признаеме дека некои жени се помалку верни од машките претставници на нивниот хороскопски знак кога станува збор за љубовта.

vistinski-gresnici-najgolemite-nevernicki-vo-horoskopot-01

Еве кои се 3-те најголемите неверни дами во хороскопот:

1. Овен

Жената Овен ретко останува верна, освен ако некој партнер навистина не ја освои целосно. Без разлика колку е заљубена, во нејзиното срце секогаш има место за некое „парче“ од страна. Од една страна, таа не може да функционира ако не е заљубена, а од друга, секој љубовник брзо ѝ здосадува. Љуби страсно и секој ден го живее како да ѝ е последен. Тоа воедно е и нејзино животно мото.

Оваа жена е машка жена т.е. таа е роден ловец. Флертување и бакнување е она во што е најдобра. Тоа ѝ доаѓа како некакво хоби. Кога мажот ќе падне пред нејзините колена, таа едноставно го гази и продолжува со потрагата по поголем предизвик затоа што во душата е голем авантурист.

2. Близнаци

За неа секс-авантурите се начин на живот. Неверојатно е со која леснотија оваа „мачка“ скока од маж на маж, без притоа да се умори. Претпладне се препушта на дивите страсти со мистериозен странец, а попладне бара топло рамо и утеха кај својот маж. И во сето тоа таа се дава себеси потполно.

Таа има најмалку две лица и две души, па зошто тогаш не би имала и два типа... или повеќе?! Еден за груба игра, друг за нежно водење љубов, трет за разговор, четврт кој мисли дека ја има најсмирената жена во светот... и сите се среќни. Никој досега не дознал колку љубвовници имала жената Близнак, а веројатно и никогаш нема да се дознае.

3. Риби

Оваа жена е вистинска робинка на љубовта. За неа, сексот е повеќе од физичко искуство, тоа е вид на медитација и екстаза измешано во едно. Секогаш му го дава целото срце и секој дел од телото на мажот. Кај неа нема забранети зони, сѐ што е пред очи смее да се проба.

Меѓутоа, нејзиното срце е превртливо и за миг,  исто онака како што се запалила, умее потполно да се олади. Тогаш веќе со крајчето од окото мерка друга можност и на неа се препушта како да ѝ е прв пат и како пред него никогаш да не љубела.

Таа не знае што е граѓански морал и не ги разбира сексуалните ограничувања кои друштвото ѝ ги поставува. Од сите неверници, Рибата е најискрена во своите грешки. Таа е љубопитно дете во тело на богиња на сладострастие. Затоа не ги разбира сите тие забрани. Сите нејзини врски и поврзаности се длабоко страсни, комплицирани и неверојатно искрени.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...
Колку имате среќа во животот, според хороскопот? Стрелец: Само вам може да ви се случи (и по неколкупати во месецот) да ви понуда...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg