Девиците се грижливи, Вагите трпеливи: Каква мајка ќе бидете според хороскопскиот знак?

Мајчинството, па и самата идеја да се биде мајка, може да биде застрашувачка работа. Некои жени посакуваат да станат мајки, се гледаат или замислуваат себеси како мајки, но замислата и реалноста понекогаш знаат да се разликуваат.

kakva-majka-kje-bidete-spored-horoskopskiot-znak-01.jpg

Никој не може да замисли што точно го очекува со оваа нова животна улога, но може да претпостави каква мајка ќе биде според својот хороскопски знак:

Овен

Доблести како мајка: Самодоверба, сила и бестрашност

Маани како мајка: Гнев, опсесивност, горделивост и себичност

Начин на кој воспитувате: Вие сте мајка воин и како што пристапувате на сè друго во животот како да е бојно поле, будни и внимателни, такви ќе бидете и како мајка. Пред да ја добиете оваа улога научени сте да бидете независни и самостојни, па на почетокот тешко ќе ви биде на научите дека некоја друга личност зависи од вас, но на крај пак ќе знаете дека сте две одделни личности. Ова и не е така лоша работа, бидејќи вашето дете ќе има слобода за развој. Вие ќе бидете моќен модел и пример за учење кој секогаш е насочен кон своите цели - жена која сака да се најде на врвот.

Бик

Доблести како мајка: Стабилност, упорност и рационално размислување

Маани како мајка: Материјалистички настроени, промени во расположението, суета

Начин на кој воспитувате: Вие се грижите пред сè за безбедноста на вашите деца, а потоа дозволувате забавата да завладее во домот. Понекогаш сте ригидни, но штом ќе бидете сигурни дека сите се сигурни и безбедни, време е за релаксација и уживање. Постои „старомодна“ девојка во секој Бик, па ќе имате неколку правила и стандарди по кој вашите деца ќе мораат да се однесуваат во домот. Најважно, како што вие се грижите за семејниот буџет, така ќе ги научите децата да се грижат за парите. Очекувате да бидете блиски со децата и ќе гледате да бидете нивен пријател пред родител.

Близнаци

Доблести како мајка: Младост, љубопитност, оригиналност и креативност

Маани како мајка: Недоследност, нетрпеливост, недостаток на ограничувања

Начин на кој воспитувате: Да се биде мајка со „бројни личности“ во себе значи дека никогаш нема да бидете здодевни на вашите деца. Вашето семејство никогаш нема да знае, ниту да биде сигурно што ќе направите или кажете следно. Од една страна тоа е добро, бидејќи вашите деца слободно ќе се развиваат, но од друга страна нема да одредите строги правила и стандарди по кои ќе се водат вашите деца и ќе им дадете целосна, понекогаш преголема слобода да бунтуваат на авторитетите.

Рак

Доблести како мајка: Чувствителност, посветеност, комфор

Маани како мајка: Презаштитнички настроени, промени во расположението, љубомора

Начин на кој воспитувате: Како хороскопски знак кој владее на полето на семејството вие сте супериорна мајка, уште од мала возраст сте научиле како да се грижите - за вашите кукли, миленици, пријатели... Така сега знаете како да се грижите за вашето семејство и секогаш целите кон тоа во домот да им биде најудобно на членовите. Но, од друга страна, бидејќи сте премногу заштитнички настроени, понекогаш знаете да бидете и љубоморни и да не им дозволите на вашите деца да ја градат својата независност.

Лав

Доблести како мајка: Водство, креативност, самодоверба

Маани како мајка: Драматичност, премногу енергија, себичност

Начин на кој воспитувате: Вие сте драматични и креативни, морате пред светот да се покажете во најдобро светло, па ќе се трудите и во улогата на мајка да покажете дека сте најдобри. Вие со срце и душа ќе се посветите да децата и ќе бидете вклучени во секој аспект од нивниот живот - гордост ќе ви биде да воспитате способни граѓани кои утре ќе го сменат светот. Можеби не сте злобни, но знаете да бидете престроги и многу да ги контролирате децата. Имајте на ум дека вашите деца мораат да научат како да сами да се снаоѓаат на овој свет, а не само дека имаат потреба да постојана мајчина заштита.

Девица

Доблести како мајка: Организираност, здрави навики, интелект

Маани како мајка: Преголема грижа, тенденција за преголемо анализирање и осудување

Начин на кој воспитувате: Вие сте чуден микс на контрасти, од една како што е вообичаено за вас, сакате сè да биде под контрола, добро организирано и испланирано, а од друга страна сакате да бидете слободни и да им покажете на децата дека знаете и за забава. Гледате кон иднината и се надевате дека сè ќе биде во ред со вашите деца, дека физички интелектуално ќе се изградат, па понекогаш имате тенденција и премногу да се грижите. Понекогаш на мајчинството ќе гледате како на авантура која ќе ја разбуди филозофската страна во вас.

Уште 6 хороскопски знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Каков ви е односот со вашата мајка, според нејзиниот хороскопски знак? Мајката родена во знакот Бик постојано ќе ви нуди вкусни оброци вам, но и на ваш...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Која домашна обврска најмногу му одговара на секој хороскопски знак? Лавови, вие обожавате да миете садови затоа што сте убедени дека никој не го пра...
Кој нордиски бог ве опишува најдобро, според хороскопскиот знак? Близнаци, вие сте најслични со итриот Локи. Како него, вие сте непредвидливи и б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg