Љубовен хороскоп за ноември 2016: Водолиите ќе се вљубат во постара личност, Стрелците ќе се расправаат

ljuboven-horoskop-za-noemvri-2016ta-vodoliite-kje-se-vljubat-vo-postara-licnost-rakovite-kje-bidat-premnogu-emotivni-1.jpg

Вага

Вагите ги чекаат бројни промени кога е во прашање љубовта. Ќе посакате вашиот партнер да биде одговорен, посветен и да ги споделува вашите размислувања, а ако тоа не се случи, ќе бидете разочарани. Ќе ви се вртат во главата бројни прашања во врска со партнерот и врската. Но, немојте премногу да се опседнувате со негативните работи, потрудете се да се релаксирате, бидејќи сè ќе се реши и ќе си дојде на свое место. Баш тој „студен“ став ќе ве направи попривлечни кај партнерот, а тоа дополнително ќе ве зближи.

Скорпија

Скорпиите целата своја сила ќе ја вложуваат во љубовните односи и емоциите, па нормално, тоа ќе влијае на подобрување на врската со партнерот. Овој месец посебно ќе уживате во љубовта. Ако не сте во врска и сè уште сте во потрага по вистинската личност, имајте на ум дека искреноста многу ќе ви помогне при искажувањето на емоциите. Ако некој ви се допаѓа, отворено кажете го тоа. Сигурно ќе успеете, потребен е само еден чекор да направите.

Стрелец

Страственоста и силните емоции доста ќе влијаат на вашиот однос со партнерот. Доколку е тоа потребно, остро ќе се расправате со некого за саканата личност и спротивно, ако партнерот направи нешто и тоа не ви се допаѓа, нема да премолчите и да останете смирени. Слободните Стрелци ќе бидат воздржани во изразувањето на емоциите. Премногу ќе ја прашуваат и истражуваат личноста која им се допаѓа, па тоа може и да ја избрка. Бидете малку посмирени и не влегувајте тактички во љубовта. Дозволете страста да завладее.

Јарец

Ве очекува период со многу дружба, бидејќи само така ќе се чувствувате најдобро. Најмногу ќе водите сметка на тоа да имате активен друштвен живот, да бидете покрај пријателите, а можни се и нови познанства. Ако посакате, некое ново пријателство може и да премине во нешто посериозно. Јарците кои се во врска ќе имаат добри односи со партнерот, ќе имаат доста романтични моменти, а и сексуалниот живот ќе им се подобри.

Водолија

Водолиите ќе имаат потреба да размислуваат за некои идни планови со партнерот, а тоа доста ќе го зацврсти односот, бидејќи и двајцата ќе имаат исти животни цели. Можеби во моментот тоа ќе ги залади страсните односи меѓу вас, но тоа воопшто нема да штети на вашата врска. Ако сакате одмор, можете да заминете на кратко патување со партнерот и да заборавите на проблемите. Слободните Водолии ги следи интересен период, бидејќи ги очекува невообичаен однос со постара личност или врска на далечина.

Риби

Ако имате мали проблеми во врската, запрашајте се дали истите сте ги имале и во минатото и како можете да ги решите. Не дозволувајте истите да влијаат на вашиот однос, туку само сетете се како сте реагирале и како треба исправно да постапите за да ги поправите грешките. Ако не сте во врска, ќе ве заинтересира личност за која пријателите и семејството нема да ве поддржат. Ќе бидете меѓу овие две страни, бидејќи од една страна ќе ви биде важно мислењето на семејството, а од друга страна, ќе сакате да бидете покрај личноста која ве привлекува. Но, ова не е поволен момент за врска.

Н. Г. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Љубовен хороскоп за октомври 2023: Овни - потрудете се да ја спасите врската, Ваги - нема да ви недо... Стрелци - подготвени сте да преземете поголема одговорност за вашите постапки. А...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg