Љубовен хороскоп за ноември 2016: Водолиите ќе се вљубат во постара личност, Стрелците ќе се расправаат

Љубовниот хороскоп за ноември 2016-та година ни носи многу изненадувања на полето на љубовта, емоциите, симпатиите и романтичните моменти, но и прекини на врските и нови љубовни искуства.

ljuboven-horoskop-za-noemvri-2016ta-vodoliite-kje-se-vljubat-vo-postara-licnost-rakovite-kje-bidat-premnogu-emotivni-01.jpg

Што ви носи месец ноември на поле на љубов?

Овен

Компромисот дефинитивно е главен збор кога се во прашање Овните, како и сè она што ќе се случува на љубовен план во месец ноември кога е во прашање љубовта. Бидете подготвени за прилагодување, бидејќи само така ќе постигнете успеси. Ве очекуваат доста убави моменти и одлични сексуални моменти, па ќе бидете задоволни со она што ви се случува во моментот. Бидете внимателни со партнерот, а посебно внимавајте на комуникацијата со него, за да ги избегнете проблемите и расправиите кои не ги посакувате. Новите љубовни врски ќе донесат многу убави моменти на слободните Овни.

Бик

Биковите ќе бидат емотивни и чувствителни во текот на овој месец и секако, сето тоа многу ќе влијае на нивните односи, како на пријателските и семејните, така и на љубовните. Ќе се зближите со партнерот, што секако, тоа многу ќе ви одговара, бидејќи така уште подобро ќе се запознаете. Покрај сето тоа, вашиот сексуален живот ќе се подобри. Слободните Бикови можат да се подготват за нови случувања на љубовно поле, посебно кога се пријателствата во прашање, бидејќи истите можат да се претворат во нешто повеќе.

Близнаци

Близнаците во суштина имаат еден добар период кога е во прашање љубовта, само треба да внимаваат на комуникацијата и на начинот на кој се обраќаат на партнерот. За да не дојдете до нешто што вас не ви одговара и да не си создадете непотребни проблеми, внимавајте на изговорените зборови и постапките. Доаѓа интересен период за сите слободни Близнаци, бидејќи ќе имаат можност да запознаат некоја интересна личност со која ќе посакаат и траен однос. Внимавајте, бидете смирени и трпеливи при донесувањето на одлуки за да не погрешите.

Рак

За многу припадници на овој хороскопски знак доаѓа мирен период. Ако сте слободни, така ќе сакате и да ви остане ситуацијата за да можете повеќе да се посветите на семејството, пријателите и најблиските луѓе кои ги гледате секојдневно. Токму тоа ви е најпотребно во овој момент и нема да се обидувате да градите нова врска. Меѓутоа, еднаш што ќе се најдете во пријатно опкружување, ќе се исполните со позитивна енергија и нема да останете незабележани од спротивниот пол. Ако сте во врска, ќе имате малку тешкотии, но истите брзо ќе ги решите благодарение на трпеливоста и толеранцијата.

Лав

Периодов не ви беше баш најзадоволителен, барем не кога е во прашање љубовта, но сето тоа многу брзо ќе се реши и поправи. Ако со партнерот сте имале проблеми, ова е одличен момент да ги решите и така да си го подобрите односот во врската за потполно да бидете задоволни. Кај оние кои се во врска сè повеќе ќе се враќа позитивната состојба. Слободните Лавови ќе имаат можност за запознаат некоја интересна личност, па и да започнат поквалитетен однос со таа личност.

Девица

Наредниот период ќе биде одбележан со добар однос со партнерот, па ќе бидете многу задоволни од својата емотивна состојба. Вашите спонтаност и непосредност посебно добро ќе влијаат на вашиот љубовен живот, а тоа секако и понатаму позитивно ќе влијае на сите останати случувања. Ако сте слободни, излегувајте и уживајте - ве очекува нешто ново и интересно. Флерт ќе ве очекува насекаде, а тоа секако, ќе ви годи.

Уште 6 хороскопски знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Љубовен хороскоп за октомври 2023: Овни - потрудете се да ја спасите врската, Ваги - нема да ви недо... Стрелци - подготвени сте да преземете поголема одговорност за вашите постапки. А...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg