Водолиите во паралелна врска, а Близнаците заљубени до уши: Љубовен хороскоп за декември 2016-та

Некои ќе се посветат на флертувањето и слободата, а други пак ќе гледаат да градат сериозни врски.

ovnite-kje-bidat-najgolemi-sharmeri-a-bliznacite-raspolozeni-za-vrska-ljuboven-horoskop-za-2016-ta-01.jpg

Што ве очекува на полето на љубовта во декември?

Овен

Кога станува збор за љубовта, овој месец ќе бидете повеќе расположени за флерт, бидејќи едноставно не сте расположени да се врзувате и да бидете посветени. Сепак, ако сте во врска, односот со партнерот ќе ви биде одличен, а комуникацијата, подобра од било кога. Дури и ако сте чувствувале како да сте во криза, во декември ќе ги обновите љубовта, вниманието и посветеноста. Празничната еуфорија која ја чувствувате ќе се пренесе и во љубовта.

Бик

Овој месец сте посебно чувствителни и емотивни, а тоа ќе ве натера на романтика и љубов. Вашиот партнер сигурно досега стекнал впечаток дека се однесувате поинаку и необично, но во декември ќе се вратите на „себе“ и ќе продолжите да ја водите и цените домашната атмосфера која ве прави најсреќни. Ќе бидете расположени на партнерот да му подготвувате спонтани изненадувања пред празниците. Слободните ќе бидат расположени за заведување, секси игри непланирани патувања.

Близнаци

Слободните Близнаци ќе имаат многу прилики на разните прослави да го запознаат потенцијалниот партнер. Зрачите со сексуалност и енергија, па луѓе расположени за флерт ќе ви доаѓаат од сите страни. Дури и оние кои се во врска ќе налетаат на флерт, па внимавајте да не доживеете непријатности. Оние кои се во врска, моментално нема да бидат задоволни од партнерот, па ќе планираат одмор за релаксација со пријателите.

Рак

Љубовта ќе ви цвета и овој месец, а вие ќе бидете повеќе од било кога посветени на партнерот. Подготвени сте да го вклучите во сите можни активности и да му давате до знаење дека секогаш може да се потпре на вас, бидејќи секогаш сте тука да го ислушате. Ќе бидете секогаш подготвени за забава, романтики и уживање во чувствата. Можете да очекувате многу убави денови. Ако сте слободни, ќе постапувате согласно празничниот дух со многу смеа, забава и флерт.

Лав

Декември ќе го одбележи богатиот сексуален живот. Доколку сте слободни, можно е да бидете расположени за менување на партнерот, а и ако сте во врска, дефинитивно нема да ви биде здодевно. Сепак, далеку дека сите Лавови ќе бидат во вакво расположение. Повеќето од вас ќе го искористат овој период да ја обноват старата љубов и да се посветат на партнерот на нежен и романтичен начин. Вашата сакана личност ќе умее тоа да го цени.

Девица

Од декември, па сè до крајот на зимата, Девиците ќе имаат повеќе емотивни кризи и ќе се чувствуваат многу осамено. Вас зимата едноставно не ви годи, па често ќе бидете негативно расположени. Сепак, тоа не значи дека не сте многу привлечни и секси, па својот шарм ќе го искористите - бидете насмеани и заводливи, без разлика на сè, само така ќе го привлечете спротивниот пол. Намрштените нема да постигнат ништо друго, освен да ги избркаат потенцијалните партнери што подалеку.

Уште 6 хороскопски знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
Три судбински промени за секој хороскопски знак во 2026-та - Што да очекувате следната година? 2026-та нема да биде година на грандиозни планови, туку на повеќе помали, внатре...
Љубовен хороскоп за јуни 2026: Раковите може да ги очекува развод, Вагите „паѓаат“ на личности кои б... Голем дел од знаците може да имаат здодевна врска, исполнета со монотонија, но и...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...

Најчитани неделава