Каде треба да отпатува секој хороскопски знак за празниците?

kade-treba-da-otpatuva-sekoj-horoskopski-znak-za-praznicite-2.jpg

Вага

Шармантната Вага сака да се меша во големи толпи и ќе ѝ биде удобно секаде каде што има многу случувања, особено од општествен аспект. Романтични и балансирани, тие преферираат патувања кои ќе им го исполнат срцето, како патиштата кои водат кон Франција, Турција или Шпанија.

Скорпија

Страсните Скорпии сакаат мистерии. Егзотичната клима во Куба, Египет или места кои дишат со историја како Рим или Њу Орлеанс се одличен избор. Длабоко во себе, Скорпиите се големи романтичари, па не се исклучени и градот на светлината Париз и атрактивната Венеција.

Стрелец

Стрелецот е дефиниција за патување и авантура. Како вистински истражувач, го привлекуваат места кои ќе може детално да ги разгледаат. Сакаат да комбинираат авантура, но и знаење слично како и Девиците, па идеалните локации за зимскиот одмор се Шпанија, Будимпешта, Турција, Виетнам, Јужна Африка, Прага, Мексико и верувале или не – Кенија.

Јарец

Јарците сакаат предизвици и добро се подготвуваат за истите. Логистички одлично испланиран одмор исполнет со задоволство и удобност е нивниот сон. Омилени локации: Тајланд, Фиџи, Швајцарија, Австралија и Германија, каде што ќе имаат доволно време за шетање, но и одмор и релаксација за целосно уживање.

Водолија

Независната и неконвенционалната Водолија сака да избега кон не толку атрактивните дестинации, каде што со ранецот на грбот ќе ја истражува локацијата, подалеку од туристите и големите гужви. Токму затоа, ќе се упати кон Камбоџа, Исланд, Шведска, Куба или Русија, каде што ќе го искусат скриеното и неистраженото.

Риби

Убавите и романтични Риби ги привлекуваат магични места кои потсетуваат на бајки или соништа. Па така, Венеција, Париз, Копенхаген, Рим, Јапонија, Mароко или Монако ќе ја задоволат нивната потреба за љубов и убавина.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
Какво детство сте имале, според хороскопскиот знак на вашата мајка? Ако вашата мајка е родена во знакот на Стрелец, тогаш вашето детство била една д...
Три судбински промени за секој хороскопски знак во 2026-та - Што да очекувате следната година? 2026-та нема да биде година на грандиозни планови, туку на повеќе помали, внатре...

Најчитани неделава