Годишен хороскоп за 2017-та - Девица

И оваа година ќе имате слични проблеми како и минатата, ако работите не сте ги поставиле на свое место. Најмногу искушенија ќе имате на семеен план. Но, од друга страна, ако успеавте да најдете баланс од минатата година, тогаш ќе го достигнете максимумот на сите полиња. Пред вас е прилично добра година, кога се финансиите во прашање.

godishen-horoskop-za-2017ta-devica-01.jpg

Работа и финансии

Во 2017-та важно е да си дадете доволно време и да не избрзувате при завршувањето на работните обврски, бидејќи така ќе си привлечете сериозни проблеми во кариерата и финансиите. Наместо тоа, потребно е секогаш да си давате доволно време да проверите дали сè сте направиле како што треба. Проверувајте ги документите и тоа по двапати.

Од почетокот на март ќе забележите постепен и сигурен раст на професионален план. Само не ги избрзувајте работите, бидејќи така можете да пропуштите многу можности.

Сè до 10-ти октомври немате потреба да се грижите за приливот на пари. Идеален период за заработка е од 20-ти септември до 10-ти октомври.

Единствено не ви се препорачува да земате кредити и да се позајмувате. Снаоѓајте се со тие пари кои ви се сигурни и знаете дека ги имате.

Љубов, семејство и социјален живот

Што се однесува до „приликите“ на овој план, може да се каже дека многу работи нема да се променат, гледано во однос на претходната година.

Љубовта генерално, ќе биде насочена кон членовите на семејството и партнерот.

На почетокот на годината ве очекува раздор во интимните односи и ќе ви биде потребно доста време да ги решите проблемите.

Но, од друга страна, 2017-та ќе биде идеална година за да поработите на интерперсоналните односи. Посебно на почетокот на јуни кога ќе бидете во подобра позиција за давање и примање на љубов.

Ако не сте во врска, новата љубов можете да ја побарате во знакот на Јарец или Риби.

Здравје

На полето на здравјето, немате причина за грижи, бидејќи здравјето ќе ви биде добро. Важно е само да останете во добра форма, да се храните здраво и да вежбате. Поработете на градење на здрави навики.

Би можело да ве интересира:

Три судбински промени за секој хороскопски знак во 2026-та - Што да очекувате следната година? 2026-та нема да биде година на грандиозни планови, туку на повеќе помали, внатре...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
7 месеци во кои се родени луѓето што не знаат да излажат (дури и ако пробаат) Родените во април се искрени до крајност. Отворено го кажуваат она што сите го м...
Годишен хороскоп за 2026: Вага Во текот на годината ќе имате финансиска стабилност, но сепак немојте да ризикув...
Какво лето ве очекува годинава, според хороскопскиот знак? Риби, на почетокот од летото подгответе се за неочекувани, (а и несакани) средби...
Какво детство сте имале, според хороскопскиот знак на вашата мајка? Ако вашата мајка е родена во знакот на Стрелец, тогаш вашето детство била една д...

Најчитани неделава