Љубовен хороскоп за мај 2017: Oвните ќе доминираат над партнерот, Водолиите не помислуваат на емоции

ljuboven-horoskop-za-maj-2017-2.jpg

Вага

Ако сте во врска:

Викенд патувањата овој месец се добредојдени за да ја разбиете монотонијата. Направете план за подалечни патувања, имате доволно финансии и можности. По 19-ти мај можни се големи тензии помеѓу вас и саканата личност, заради премолчувани ситуации и проблеми од минатото. Најпаметно е да не криете ништо и да немате тајни кои може да ви го загрозат мирот. Доколку веќе ги имате, бидете подготвени и на раскинување.

Ако сте сами:

Ќе запознаете личност со која добро ќе се согласувате и со која ќе може да разговарате на повеќе теми. Ќе најдете доста заеднички интереси, и тоа ќе ве доведе до емотивно поврзување. За жал, нема сè да се одвива така како што очекувате. Ќе увидите дека од иднината имате различни очекувања, а тоа може да дојде до откажување на врската. Дел од Вагите ќе се впуштат во тајни љубовни врски, но тоа нема да им донесе ништо добро.

Скорпија

Ако сте во врска:

Во односот со брачниот или емотивниот партнер треба да се поставите како потпора. Бидете полни со внимание, топлина и иницијатива за заеднички проекти. На тој начин и вашата страст ќе се зајакне, што вашиот партнер ќе го направи опуштен и посветен. И двајцата на овој начин ќе си го подобрите општото расположение. По 16-ти мај очекувајте наплив на нови идеи и организации. Многу повеќе време поминете во заеднички разговори, ако сакате хармонијата да потрае.

Ако сте сами:

Ќе бидете склони на импулсивни авантури заради лично задоволство и нема да ви биде грижа со кого го делите креветот. Нема да бидете заинтересирани за долготрајни врски и емотивни поврзувања. Може да се случи да започнете тајна врска. Во тој случај другата страна може да ви направи проблеми, љубоморни сцени и ќе бара од вас нешто што не сакате да го пружите. Затоа, најдобро да избегнувате лица кои не се слободни.

Стрелец

Ако сте во врска:

Во текот на цел мај ќе бидете мотивирани за да вложите повеќе енергија и време во односот со партнерот. Страстите ќе се појачаат, ќе бидете комуникативни и ќе имате добри идеи за квалитетно пополнување на времето. Почесто излегувајте, не се затворајте дома. Заедничките пријатели може многу да допринесат за среќата. Кон крајот на месецот припазете на односите, бидејќи можни се напнатости и несогласувања кои потекнуваат од минатото.

Ако сте сами:

Овој месец сте расположени за забава и авантури, па нема да бидете многу заинтересирани за емотивно поврзување. Без оглед на тоа, со една личност ќе остварите добра комуникација, што може да тргне во правец на нешто посериозно, но многу бавно. Ако тоа се случи, контролирајте ја желбата да се однесувате претерано слободно, бидејќи тогаш сè пропаѓа во вода. Дел од Стрелците ќе имаат изразени страсти кои тешко ги контролираат, па затоа важно е да внимаваат каде ги насочуваат.

Јарец

Ако сте во врска:

Вниманието нека ви биде насочено кон тоа да бидете поддршка на партнерот. Веќе подолго време сте зафатени и со обврски, па по малку ги запоставувате љубовните ситуации. Доколку не го промените тоа во најбрз можен рок, работите ќе се искомплицираат. Потребно е да бидете искрени и отворени, не се плашете да го кажете она што го мислите. Ако криете било што, партнерот ќе дознае порано или подоцна. Бидете посебно внимателни со личните тајни кон крајот на месецот.

Ако сте сами:

Ќе имате многу шанси да запознаете личности спротивни на вас, но со кои ќе успеете да воспоставите складен однос. Очекувајте силна привлечност. Ќе ве интересира како би изгледало ако сте во врска со вашата потполна спротивност, па додека размислувате, ќе сфатите дека врската почнала спонтано. Како ќе се одвива, зависи од двајцата. На дел од Јарците ќе им одговара повлеченоста и гледањето само со една личност. Тоа може да биде забава или само секс, за што ќе мора внимателно да се договорат од старт.

Водолија

Ако сте во врска:

Со брачниот или емотивниот партнер овој месец ќе решите сериозни заеднички прашања, што не само што ќе ви ја подобри врската, туку и заедничкиот буџет. Бидете извор на позитивна енергија, тоа ќе се цени. Од 20-ти мај почнете повеќе да се активирате на поле забава и заедничко дружење, самотијата нема да ви одговара. Посетувајте културни манифестации, концерти и нови места кои ќе ви дозволат да ги проширите контактите и видиците.

Ако сте сами:

Ќе ве привлекуваат само авантури и заинтересирани сте за забава и секс. Не помислувате на емотивни врски. Вашата страст ќе биде појачана и може да се впуштите во повеќе истовремени авантури. Ова дополнително ќе ви отвори нови шанси за патување и реализации во странство. Не се препорачува да влегувате во тајни врски со лица кои не се слободни, бидејќи тоа може да ви донесе повеќе неволји од задоволство. Некои Водолии конечно ќе имаат шанса кај личноста која одамна ја освојуваат, но досега не им возвратила на симпатиите.

Риби

Ако сте во врска:

Со саканата личност конечно ќе решите проблем кој одамна ве мачи и кој ви предизвикувал несогласувања. Со тоа што ќе ја најдете причината за проблемот, одново ќе се зближите. Ќе ви одговараат заедничките активности и излегувања, бидејќи сте свесни дека ви недостасува време еден за друг. Останете сложни и околу семејните прашања. Ќе почнете да согледувате некои нови квалитети кои досега не сте ги забележале кај партнерот. Кажете ги гласно, така ќе предизвикате неизмерна среќа.

Ако сте сами:

Вашето срце ќе го освои личност со која долго време сте блиски на некој друг начин. Тоа може да биде бивша авантура или пријател, а сега ќе сфатите дека постои нешто подлабоко. Ова не значи дека ќе обновите некоја сериозна врска од минатото, внимавајте да не ги помешате работите. На дел од Рибите ќе им биде лесно да се заљубат и уште полесно да се впуштат во емотивна врска со личност која ќе знае како да доминира над нив.



Би можело да ве интересира:

4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Со кој хороскопски знак ќе бидете мизерни во врска, според астрологијата? Девици, вие сте личност која сака да остане на едно место и ја цени својата рути...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg