Љубовен хороскоп за јуни 2017: Лавовите ќе брзаат да „рипнат во тавче“, Биковите ќе ја тестираат врската

ljuboven-horosko-za-juni-2017-lavovite-kje-brzaat-da-ripnat-vo-tavce-bikovite-kje-ja-testiraat-vrskata-1.jpg

Вага

Внимателно на љубовен план овој месец, бидејќи може да ви се случи да се заљубите во некој колега од работа или дури и во шефот. Ова може да биде прилично незгодна ситуација, па најдобро е да се обидете да го избегнете ваквиот исход. Ако сте во врска, нема да покажувате премногу интерес за партнерот, а за тоа, секако, ќе ви замери. Љубовта едноставно нема да ви биде во прв план. Внимавајте и пазете се од поранешните партнери, кои можат да се вратат во вашиот живот.

Скорпија

Генерално, љубовта нема да ви задава многу главоболки во текот на овој месец. Ако сте слободни, ќе уживате во слободата, водејќи сметка на тоа првенствено добро да се забавувате, а потоа да покажете интерес за друга личност. Ако сте во врска, сè ќе биде по старо. Со партнерот се сакате и ништо не може да го промени тоа. Размислувајте за некоја мини авантура која ќе ви го зачини љубовниот живот.

Стрелец

Ѕвездите ви се наклонети овој месец без разлика на тоа дали сте во врска или не. Ако сте слободни, ќе уживате во флертот, авантурите и убавите моменти со спротивниот пол, а романсите ќе бидат многубројни, ако тоа го посакувате. Дури и да сте во врска, нема да морате да се грижите за монотонијата во вашиот однос, со партнерот лудо ќе се забавувате.

Јарец

Слободни сте, но во главно, задоволни од сопствената слобода. Меѓутоа, приликите за врска се насекаде околу вас, а вас ќе ве привлече личност која е многу слична на вас, толку многу, што ќе помислите дека сте ја пронашле својата сродна душа. Ако веќе сте во врска, нема да имате премногу време за љубов овој месец. Ќе бидете фокусирани на кариерата и на себе, но внимавајте да не го запоставувате премногу вашиот партнер. Тоа е најдобро и за двајцата.

Водолија

Активни сте, расположени за дружење и излегување, а тоа е она што е клуч за возбудлив љубовен живот. Нема да ви биде здодевно во ниту еден момент, бидејќи зрачите со некоја посебна енергија која го маѓепсува спротивниот пол. Ако сте во врска, ве очекуваат убави и хармонични денови со партнерот, а некои парови ќе се одлучат и за чекор нанапред - брак или проширување на семејството. Секако, ѕвездите ви се насмевнуваат овој месец.

Риби

Овој месец ќе бидете кралеви и кралици на заведувањето. Лесно ќе се впуштате во љубовни авантури и ќе ги прифаќате повиците за дружење, но вниманието, сепак, на крајот од месецот ќе ви го привлече колега од работа. Можеби баш таму ќе ја пронајдете вашата сродна душа. Ако сте во врска, исто така, нема да ви биде здодевно. Со својот партнер ќе бидете подготвени на сè, а вашата релаксација ќе даде посебен шарм на вашата врска. Дефинитивно ќе уживате.

Н. Г. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...
Што да правите во зима за да се чувствувате посреќни, според хороскопскиот знак? Бикови, размислете што можете да промените во домот - дали можеби ќе ставите нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg