Љубовен хороскоп за јули 2017: Лавовите ќе влезат во паралелни врски, Скорпиите ги чека заеднички одмор

Што ќе ви донесе овој топол летен месец? На некого нови врски, на некого љубовни патувања и авантури, а за некој овој месец носи проблеми во љубовта.

ljuboven-horoskop-za-juli-2017-01.jpg

Дознајте што ве очекува во љубовта во месец јули:

Овен

Ако сте во врска:

Поради оптеретувањето со работата и низа други обврски, ќе имате многу малку време за партнерот. Тоа ќе се одрази негативно на вашата врска и на вашите односи. Не ги занемарувајте домашните обврски и кажете му на партнерот што ви се случува, за да добиете разбирање од негова страна. Во втората половина на јули, работите ќе се вратат во нормала, а бидејќи знаете што му е потребно на вашиот партнер за да се чувствува сакано и среќно, ќе успеете да му пружите и повеќе од тоа. Ќе бидете полни со нежности.

Ако сте слободни:

Ќе ја привлечете личноста која ви се допаѓа, благодарение на тоа што ќе знаете во вистинско време да ја кажете вистинската работа, да поделите комплимент или да привлечете внимание со некој ваш квалитет. Притоа, обидете се да не бидете многу „проѕирни“. Ако пристапите со тактика, ќе успеете да ја освоите личноста која ви се допаѓа. Во еден момент ќе ви биде комплицирано, но ќе има моменти кога ќе имате среќа и ќе успеете во намерата.

Бик

Ако сте во врска:

На почетокот на месецот ќе владее напнатост и немир во вашите односи со партнерот, што ќе доведе до нестабилност. Можни се сериозни несогласувања, караници, па дури и разделување. Неопходно е да бидете подготвени да прифаќате заеднички решенија. Бидете поблиски со семејството, бидејќи нивната поддршка ќе ви помогне да ги вратите односите во нормала. Подобар период во љубовта ќе имате од 20-ти јули кога Марс влегува во знакот на Лав.

Ако сте слободни:

Лесно ќе се вљубувате и ќе бидете обземени од страсти, кои нема да можете да ги контролирате. Тие од една страна ќе ви донесат бурна авантура, а од друга, ќе ви создаваат проблеми од типот на љубомора и посесивност. За да не дозволите потенцијалната врска уште од почетокот да биде исполнета со несогласувања, потрудете се да ги контролирате честите промени на расположение, како и силните страсти.

Близнаци

Ако сте во врска:

Ќе биде потребно на саканата личност да ѝ покажете повеќе желба и иницијатива за заедничко решавање на проблемите и потешкотиите кои влијаат на вашата врска. Покажете дека ги цените вредностите и потенцијалите кои ги поседува саканиот/а. Потребна ви е поголема блискост. Втората половина на јули ќе ви донесе повеќе можности да донесете свежина во вашата врска и да ги зацврснете односите со партнерот. Поминувајте повеќе време заедно. Заедничко патување и повеќе забава ќе ве направи среќни.

Ако сте слободни:

Ќе се обидете да ја освоите личноста која ви се допаѓа, но премногу ќе идеализирате и нема да забележувате важни работи. Ако имате преголеми очекувања, може непријатно да се изненадите. Гледајте реално на ситуацијата и во втората половина на јули можеби ќе го освоите срцето на другата личност. Обратете внимание на личностите кои се во ваша близина.

Рак

Ако сте во врска:

Ќе има моменти кога нема да се усогласувате со партнерот за некои работи поврзани со заедничкиот живот. Ќе ви биде тешко да разговарате за тоа и да постигнете било каков компромис. Не влегувајте во конфликт за тоа и побарајте совет од некој на кого му верувате. Во втората половина на јули ќе се намали тензијата и ќе можете полесно да најдете решение. Потребни ви се повеќе заеднички моменти, дружење и излегување, а добро би ви дошло и заедничко патување.

Ако сте слободни:

Физичките страсти ќе ви бидат зголемени, па ќе бирате личност со која ќе може да имате авантура во која сексот е на прво место. Постои можност да почнете да чувствувате нешто повеќе  за личноста со која ќе започнете таков вид на „врска“. Другата личност нема да го чувствува истото за вас, а ако сакате вистинска љубов, ќе мора многу да се потрудите.

Лав

Ако сте во врска:

Вашиот партнер ќе биде повлечен и нерасположен, па ќе се трудите да дознаете што се случува. Ќе се посомневате дека крие нешто од вас, но немојте премногу да го притискате. Партнерот ќе ви се довери и ќе сфатите дека проблемот не е во вашата врска. Вашата поддршка ќе му значи многу - ќе станете поблсики и ќе разговарате повеќе. Тоа ќе ви помогне да постигнете напредок во остварувањето на заеднички цели. Излегувајте почесто и забавувајте се заедно.

Ако сте слободни:

Ќе ве привлекуваат повеќе личности во исто време и ќе се обидете паралелно да им се додворувате. Лесно може да се случи да влезете во паралелни врски. На почетокот ќе ви биде интересно и возбудливо, но набрзо ќе сфатите дека не можете да седите на две столчиња. Ќе мора да одлучите со кој сакате да бидете во врска. Бидете одлучни, во спротивно ќе поминете полошо. Можно е да се појават повторно личности од минатото. Размислете добро пред да го направите првиот чекор.

Девица

Ако сте во врска:

Разговарајте повеќе со саканата личност за сѐ што мислите дека е важно во врската. Ќе откриете дека партнерот размислува слично за работите кои би можеле да бидат приоритет во наредниот период. Ќе разговарате и за потребите кои ги имате и ќе ви годи да споделите еден со друг што чувствувате. Потребно ви е повеќе заедничко забавување за да не се вовлечете во монотонија. Излезете на место кое двајцата го сакате или отпатувајте на неколку дена во природа.

Ако сте слободни:

Ќе ѝ пријдете на личноста која ви се допаѓа и ќе почнете разговор. Покажете иницијатива и ќе добиете позитивен одговор. Полека ќе почнете да се гледате и зближувате, па ќе сфатите дека работите одат во саканата насока и постои можност за врска. Во моментот кога ќе треба да одлучите дали да почнете врска, ќе забележите дека друга личност ви врши притисок. Незадоволството ќе ве направи несигурни дали сакате врска.

Останатите 6 знаци се на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Вашата најсилна страна според хороскопскиот знак (која другите не ја гледаат) Лавовите можеби сакаат да бидат во центарот на вниманието и изгледаат како најго...
Љубовен хороскоп за април 2022: Овни – партнерот ќе ви ги довери најдлабоките тајни, Ракови – возбуд... Дали ве очекува хармоничен период исполнет со страсни мигови, или ќе го поминете...
Како изгледа живеењето со секој хороскопски знак? На Рибите не им е грижа дали сте ги измиле садовите, но Јарците нема да ви дозво...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg