Како се однесуваат хороскопските знаци во соба која нема клима?

Вага:

Абе види, може и да умреме. Ама веројатно нема. Ама сепак, не ја исклучувај можноста дека сме 12 во собата, заглавени веќе 38 минути без клима, и ако температурата не падне за некој степен...

Скoрпија:

Топло е во собата затоа што нема клима или затоа што јас сум во неа? Сериозно, изгледам најдобро од сите тука. Се распаѓаат луѓево, леле.

Стрелец:

Жешкоооо, уфффф не се дише. Ама види, како-така авантура е. Ова ќе биде добра приказна за раскажување. Ќе се смееме еден ден на ова, ќе видите.

Јарец:

Некој нека направи нешто! Како може да седиме вака без план? До кога планирате да се вариме? Неспособни, сите до еден!

Водолија:

*Ги игнорира сите, се лади со импровизирано ладало од хартија и смирено си пие вода од шишето.

Риби:

*Со устата прави „фаца-риба“ и имитира дишење на суво. Потоа почнува да џвака мастика и ги прави најголемите можни балони. Никој не му зборува и на сите им оди на нерви.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
Три судбински промени за секој хороскопски знак во 2026-та - Што да очекувате следната година? 2026-та нема да биде година на грандиозни планови, туку на повеќе помали, внатре...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...

Најчитани неделава