Колку сте суеверни според хороскопот?

kolku-ste-sueverni-spored-horoskopot-02.jpg

Вага

Вагата е рационална, но за секој случај ќе обеси по некој приврзок или ланец за среќа или за да не ја урочат, бидјеќи според себе е неодолива. Мисли дека сите околу неа се завидливи и препознава кога некој ја оговара. Мудро молчи и се смешка во себе горделиво кога другите ѝ завидуваат.

Скорпија

Не сака кога не знае на што е, а бидејќи љубовната ситуација на Скорпијата ѝ е најважна, таа редовно посетува видовити луѓе, астролози и гатачки. Зборува малку, за да види колку тие ќе погодат и сака прво да го слушне лошото, а за доброто и сама ќе се снајде.

Стрелец

Стрелецот не е суеверен, но ако некој му каже нешто што е лошо или може да му донесе несреќа, тој несвесно ќе го послуша, за секој случај. Тие теории ќе му бидат смешни и нема да покаже никому дека верува во нив, но нема ни да ризикува да се случи нешто „што можел да спречи“.

Јарец

Јарецот лесно може да се вознемири заради лош сон и следниот ден може да направи сè што ќе слушне дека е добро да ги заштити најблиските. Не сака да избрзува со одлуките и ако се случи нешто што не било планирано, верува дека било за добро и имало причина зошто се случило.

Водолија

Сака астрологија, нумерологија и тарот карти, суеверна е, но за жива глава не би признала дека се плаши да скрши огледало и дека ги заобиколува бандерите во облик на „А“. Ако кивне додека зборува нешто, Водолијата знае дека е вистина, иако си наоѓа изговори со синусите пред другите.

Риби

Рибите сонувуаат и ги толкуваат соновите со пријателите, а кога некој ќе им отвори карти, можат да слушаат цела вечер. Малку се плашат од видовити луѓе, но ообожаваат астрологија. Можно е да не сакаат да се сместат во хотел со соба број 13 и сакаат да ги облечат чорапите наопаку, против малери.

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што треба да знае секој хороскопски знак пред да стапи во брак? Девици - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојд...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
5 работи што му го кршат срцето на секој хороскопски знак – што најмногу ги боли? Бик - Непосакуван крај – тие ги држат до последно конците, а срцето им се крши к...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...

Најчитани неделава