Во кој хороскопски знак се родени најуспешните луѓе од модниот свет?

Тие имаат афинитет за мода, префинетост и елеганција и зрачат каде и да се појават.

zoshto-najuspeshnite-lugje-od-modniot-svet-se-rodeni-tokmu-vo-ovoj-horoskopski-znak-01.jpg

Личностите родени во знакот Скорпија отворени се за нови идеи, имаат бујна фантазија, интелигентни се и храбри.

Славната уредничка на магазиниот Vogue, Ана Винтур, e родена токму во овој воден знак. Таа веќе години наназад успешно диктира модни трендови на светско ниво.

Роби Мајерс, Келвин Клајн, Зак Позен, Емилио Пучи, Алекса Чанг се само дел од успешните модни уредници, дизајнери и икони на стилот родени во знакот на Скорпија.

Тие се успешни и култни, а астрологот Сузан Милер тврди дека тоа не е случајност. Таа вели дека во овој знак се родени многу успешни претприемачи, кои се способни да ја поврзат работата со уметноста. Тие разбираат што е потребно за да ги донесат креативните идеи до пазарот.

zoshto-najuspeshnite-lugje-od-modniot-svet-se-rodeni-tokmu-vo-ovoj-horoskopski-znak-02.jpg

Луѓето родени во овој знак се грижливи, одлучни и енергични работници, кои не се откажуваат од остварувањето на своите цели. Плус тоа, имаат истражувачки дух. Во светот на модните магазини тоа значи претставување на одлични производи на пристапен начин.

Скорпијата никогаш нема да покаже убав предмет што не може да се купи, туку ќе покаже производ кој ќе биде доволно практичен за сите да го посакаат за себе.

Втора причина зошто Скорпијата е толку успешна во модната индустрија е дискрецијата. Тие се директно вклучени во многу бизнис стратегии и одат на состаноци со многу влијателни луѓе од светот на модата, но деталите остануваат во тајност како што било посочено на почетокот од состанокот.

Тие се перфекционисти, кои сакаат со своето делување да го сменат животот на луѓето околу нив. Имаат афинитет за мода, префинетост и елеганција, која е во духот на потребата да му останат верни на својот стил.

zoshto-najuspeshnite-lugje-od-modniot-svet-se-rodeni-tokmu-vo-ovoj-horoskopski-znak-03.jpg

Припадниците на овој хороскопски знак привлекуваат внимание каде и да се појават. Секој стајлинг совршено го прилагодуваат на својот стил. Скорпиите се многу интуитивни и нивниот стил е одраз на нивната личност. Сакаат да привлекуваат внимание со елегантната појава, истакнува Милер.

Астрологот, на луѓето родени во овој знак, за следната година им предвидува многу соработки и дружби. Скорпиите без сомневање се предодредени за успех во модната индустрија, заклучува таа.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
7 месеци во кои се родени луѓето што не знаат да излажат (дури и ако пробаат) Родените во април се искрени до крајност. Отворено го кажуваат она што сите го м...
6 месеци во кои се родени луѓето со кои никогаш не е здодевно (и зошто ви требаат) Родените во декември се душата на секоја забава и луѓе што секој сака да ги има ...
5 месеци во кои се родени луѓето што се вечни оптимисти (и зрачат позитива) Родените во декември ретко дозволуваат лошите денови да ги оттурнат. Тие се прир...
Во кои месеци се родени луѓето што се лидери во животот? (рангирани од најдобриот) 2-ро место: Родени во јули - Ги читате луѓето како евтин роман. Вие ги носи...
4 месеци во кои се родени луѓето кои денес треба да останат во пижами цел ден Родени во април: Денес едноставно не сте расположени за ништо. Сонцето сјае, тел...

Најчитани неделава