Љубовен хороскоп за декември 2017: Водолиите ќе се соочат со бивши, Лавoвите мора да бегаат од монотонија

Пристигнавме до последниот месец од годината. Имате уште точно 31 ден за 2017-та да ја паметите по нешто спектакуларно на поле љубов.

ljuboven-horoskop-za-dekemvri-2017-01.jpg

Што точно ќе ви се случува во декември? Дали токму сега ќе ја запознаете личноста која цела година ја посакувавте или конечно ќе ставите крај на токсичните врски кои ги трпите долго време?

Откријте:

Овен

Ако сте во врска:

Во првата половина од декември избегнувајте било што да криете од партнерот, бидејќи тајните лесно ќе избиваат на површина. Тоа може да доведе до емотивни проблеми во врската или бракот.

Потребно е да ја подобрите комуникацијата со партнерот и да се посветите на заедничките планови. Ќе ви недостасува трпение во разговорите, што може да доведе до затегнатост во односите.

Во втората половина ќе имате добри идеи како да го подобрите односот и да поминете повеќе заедничко време. Предложете кратко празнично патување. Другата страна ќе ја цени иницијативата.

Ако сте слободни:

Преку еден пријател ќе запознете личност од далеку, веројатно од странство, која е во посета по повод празниците. Верувајте им на симпатиите на прв поглед.

Излегувајте, гледајте се и впуштете се во активно минување на времето заедно. Добро ќе се сложувате во сексот и во идеите, па динамиката и големата доза на романтика може да ви донесе желби за нешто повеќе од моментална авантура. Разговарајте на оваа тема.

Бик

Ако сте во врска:

По 9-ти декември очекувајте освежување на емотивната врска. Во вас и во вашиот партнер ќе се разбудат страсти кои долго време биле потиснувани. Ќе почнете повеќе да излегувате и да се забавувате како на почетокот.

Близината ќе се појача и од саканата личност ќе чувствувате огромна поддршка, а тоа ќе ве доведе до успешно реализирање на заедничките планови.

Крајот на оваа година ќе го дочекате заедно и во друштво на блиски пријатели.

Ако сте слободни:

Потребен ви е некој со кој ќе може да се разберете и да изградите складна врска на долги патеки, без драми. Кон средината на месецот ќе запознаете таква личност која ќе ви ја врати желбата за уживање во животот.

Иако врската ќе биде базирана на физички и еротски однос, на почетокот тоа ќе ви одговара. Кога ќе посакате нешто подлабоко, фер е да влезете во сериозни разговори.

Доколку забележите дека лицето е по малку себично и разговара само за своите потреби, останете на минлива авантура и продолжете понатаму.

Близнаци

Ако сте во врска:

Од 3-ти до 20-ти декември е важно да се посветите на решавање на проблемите во односот со партнерот и гласно да го кажете она што ви пречи.

Меѓусебната комуникација ќе биде отежнета и ќе се создаде кратка напнатост. Позитивно е што тешкотиите брзо ќе поминуваат.

Складната фаза ќе започне по 20-ти декември, кога вашиот партнер ќе се труди да ви ги исполни желбите и да ви даде максимална поддршка. Повеќе ценете го напорот и влогот.

Ако сте слободни:

На почетокот од месецот ќе склопите познанство со личност со која ќе почувствувате љубов на прв поглед.

Ќе бидете склони кон идеализирање на лицето, што може да ви донесе разочарување доколку не се потрудите доволно околу неа.

Кон средината на декември е одличен период за почнување нов врска. Се ќе се одвива побавно отколку што очекувате, но до крајот на месецот ќе бидете во нова љубов.

Рак

Ако сте во врска:

Вашата фантазија ќе биде поттикната цел месец и ќе ви донесе добри идеи како да го подобрите односот со саканата личност. Планирајте заеднички патувања, тоа најлесно ќе ве смири и израдува.

Избегнувајте да криете ситници од партнерот, бидејќи тоа може да ви ги наруши плановите за иднината. Разговарајте.

Во втората половина од месецот очекувајте иницијатива и доминација од партнерот. Не бидете склони кон традиционални пристапи. Насочете се кон емоциите, не туѓите мислења.

Ако сте слободни:

На почетокот од месецот ќе имате силна желба за романтични ситуации и лесно ќе се заљубувате и занесувате. Ќе ве привлече некој кој ќе ви делува недостижно.

На почетокот само ќе фантазирате и ќе се плашите да преземете било што, меѓутоа од средината на декември ќе сфатите дека иницијативата мора да произлезе од вас.

Најдете заеднички контакт кој ќе ве приближи. Поволна прилика ќе бидат новогодишните собиранки.

Лав

Ако сте во врска:

Волјата ви е на горна граница и ќе носите исправни одлуки во вашата емотивна врска, заради што ќе го растеретите партнерот од грижи. Ќе имате добри предлози како да ги подобрите заедничките финансии.

Знаете што сакате и тоа ќе донесе позитивно расположение во вашата заедница.

Во втората половина од месецот можно е променливото расположение да преовлада, па ќе мора повеќе да се согласувате на компромиси. Неопходна ви е забава со партнерот, монотонијата може да ви ја убие среќата.

Ако сте слободни:

Ќе се вљубите во личност која сте ја запознале преку заеднички пријател и која ќе се појавува на местата каде што ќе излегувате. Решете се и привлечете го вниманието, колку и да ви се чини како предизвик.

Потребно е повеќе да се информирате за неговите/нејзините интереси и да настапите оригинално и ненаметливо. Тоа ќе биде добра комбинација за нов почеток.

Девица

Ако сте во врска:

По 3-ти декември ѕвездите ви се наклонети на врската или бракот. Ќе бидете романтично расположени, што ќе биде пријатно изненадување на партнерот.

Искористете го секое слободно време за културни состаноци. Избегнувајте тајни, а посебно чувајте се од тајни флертувања и правење било какви разговори зад грб на партнерот. Работите излегуваат на виделина побрзо отколку што мислите.

На самиот крај на декември ќе ги надвладеете сите тешкотии со кои може да се соочите и ќе најдете подобро заедничко разбирање. Подгответе се за хармоничен крај на месецот и годината.

Ако сте слободни:

Повеќе од вообичаено ќе бидете склони на идеализирање и занесување. Личноста која ви се допаѓа ќе ви симнува ѕвезди и тоа ќе биде доволно. Грешка ви е што не се обидувате да го/ја запознаете подобро.

Кон средината на месецот ќе воочите дека таа ваша симпатија има недостатоци.

Паралелно за вас ќе се заинтересира некој на кој нема да му придавате голема важност и внимание, но кон крајот на месецот ќе се разгорат страсти.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за ноември 2023: Близнаци – ќе ве освои некој странец, Девици – бившата љубов ќе ви... Бик - Подготвени сте на многу работи за кои воопшто не сте сметале дека некогаш ...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Љубовен хороскоп за октомври 2023: Овни - потрудете се да ја спасите врската, Ваги - нема да ви недо... Стрелци - подготвени сте да преземете поголема одговорност за вашите постапки. А...
Љубовен хороскоп за јануари 2024: Бикови - авантура со колега, Овни - проблеми со љубомора Риби – Најверојатно ќе добиете порака или повик од поранешен партнер кој ќе се о...
Љубовен хороскоп за февруари 2024: Вага - мислите дека партнерот ве изневерува, Овен - љубоморни исп... Скорпија - Ако овој месец влезете во нова врска, личноста со која ќе почнете да ...
Љубовен хороскоп за декември 2023: Лавови - тајната врска е осудена на пропаст, Ваги - размислувате ... Овен – ако сте во брак, избегнувајте караници, бидејќи не знаете како може да ре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg