Што прави секој од хороскопските знаци пред новогодишните празници?

Повторно сме на почетокот на уште една новогодишно-божиќна сезона. Додека едните вртат со очите поради сите украси и сијалички, другите веќе одамна уживаат во сјајот и блесокот на истите и им се радуваат на празниците.

sto-pravi-sekoj-od-horoskopskite-znaci-pred-novogodisnite-praznici-001.jpg

Како секој од знаците се подготвува за претстојната празнична сезона?

Овен

Овенот прв ќе направи список за пазарување. И верувајте, списокот ќе биде прилично долг. На него ќе стават од игла до локомотива, бидејќи обожаваат да одат од еден во друг екстрем. Сакаат да пречекуваат гости и да подготвуваат луди забави, а пијалакот да го зачинат со уште повеќе алкохол.

На крајот ќе направат многу слики и неколку засрамувачки видеа од најпијаниот другар, удирајќи сеир на нивна сметка.

Бик

Биковите најмногу се радуваат на храната кога се работи за празниците. Таа не само што мора да биде вкусна, туку и прилично убаво декорирана. Тие ќе бидат првите што ќе ја отворат рерната или ќе сркнат од тенџерето кришум од другите.

Немојте да се изненадите доколку забележите дека ви недостасува дел од руската салата, кифличките или неколку парчиња од тортата. Бикот веќе ги дегустирал овие работи, бидејќи не е познат по своето трпение кога се работи за храна.

Близнаци

Енергичните Близнаци биле во првите редови за време на Black Friday шопингот со цел да пронајдат добри подароци за секој од своите најблиски сакани луѓе.

Близнаците сакаат да трошат пари, па дури и пари што ги немаат, што значи дека дефинитивно прешле во минусното салдо на своите картички, бидејќи го купиле и тоа што им треба и тоа што воопшто не им е потребно.

Додека сите други се ужаснуваат од празничните турканици, тие уживаат, бидејќи најсреќни се и најдобро функционираат во хаос.

Рак

Емотивните Ракови како и секогаш сакаат сè да се врти во кругот на семејството. Сакат заедно да го накитат домот и елката за празниците.

Уживаат во заедничко готвење и испробување нови рецепти, долгите семејни ручеци, а навечер сакаат да се удобно стуткани под ќебето со многу грицки и топло чоколадо додека гледаат новогодишни и божиќни филмови. Заедно со семејството, нормално.

Лав

Лавот ќе биде главен во кујната. Тие ќе зготват толку многу вкусни јадења што ќе ги изненадат и запрепастат сите со своите кулинарски способности. Ќе уживаат во пофалбите на своја сметка додека наздравуваат со квалитетно вино.

Лавовите сакаат да се во центарот на вниманието, па дополнително сакаат да играат и друштвени игри за време на празниците во кои секако–мора да победат.

Девица

Педантната Девица ќе ја спроведе операцијата „декорирање на домот“ со огромна посветеност, на највисоко можно организациско ниво. Очекувајте совршено декориран дом, ниту пренакитен, ниту полупразен.

Пакетчиња под новогодишната елка, специјален чаршаф со новогодишни мотиви, многу сијалички, прекрасни скапи украси. Ќе уживате во новогодишна бајка во домот на Девицата.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Со што ги нервирате пријателите, според хороскопскиот знак? Близнаци - површни се и можат со часови да зборуваат само за себе и своите интер...
Која секси игра на улоги му е омилена на секој хороскопски знак (и зошто)? Во голем број текстови се спомнува секси играта на улоги како начин да ѝ дозволи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg