Каков ќе ви биде љубовниот живот во 2018-та, според кинескиот хороскоп?

2018-та според кинескиот хороскоп е година на кучето, а таа ќе започне од 16-ти февруари 2018-та и ќе трае до 4-ти февруари, 2019-та.

kakov-kje-vi-bide-ljubovniot-zhivot-vo-2018-ta-spored-kineskiot-horoskop-01.jpg

За некои таа ќе донесе нови врски и романси, а на други пак ќе им биде подобро сами во неа.

Што можете да очекувате во новата година, дознајте во продолжение според знаците поврзани со вашата година на раѓање.

Глушец: 1996, 1984, 1972, 1960

Многу брзо ќе се пронајдете во врска

Вие сте тип што сака врски, но во минатото водевте борба обидувајќи се да влезете во врска или да ја одржите истата. Интересите постојано ви се менуваа, но во новата година ќе забележите дека брзо ќе почнете да „паѓате“ на некого кој е во ваша близина и е тука за вас.

Вол: 1997, 1985, 1973, 1961

Ќе најдете некој кој ви се допаѓа колку и работата

Волот е секогаш оној кој ја става работата на прво место, па кога ќе запознаете некој кој ќе се обиде да ве научи да уживате и да се забавувате во животот, прво ќе го одбиете. Но, потоа ќе видите дека личноста навистина ќе ве научи што е поважно во животот од работата.

Тигар: 1998, 1986, 1974, 1962

Ќе се претворите во романтична душа

Тигарот бега оттаму каде што ќе забележи романса и чувства и ужива во своето присуство и се фокусира на себеси. Но, ова ќе биде година кога ќе ја запознаете вашата сродна душа. Оваа личност ќе ви се допаѓа многу и ќе ви одговара на сите полиња, па нема ни да забележите кога сте се промениле и сте станале друга личност.

Зајак: 1999, 1987, 1975, 1963

Ќе бидете слободни и тоа ќе ви се допаѓа

Зајакот е еден од најдопадливите знаци и имаат многу заеднички интереси со различни луѓе. Но, понекогаш е важно да се вратите чекор назад и да сфатите кога ви е потребно да бидете малку сами. Со губењето во врските заборавате кои сте всушност вие и каков е вашиот живот кога не зависите од никого. Би било одлично да го дознаете тоа повторно.

Змеј: 2000, 1988, 1976, 1964

Сериозно ќе ги сфаќате врските

Во новата година, ќе поминете повеќе време со погрешни луѓе кои не ви одговараат. Тоа ќе ве фрустрира и измори, па ќе сакате да се откажете од врските. Но, ќе се појави некој и ќе ве натера да сфатите зошто никогаш претходно не ви успеало со никој. Имајте трпение.

Змија: 2001, 1989, 1977, 1965

Тврдите дека мразите љубов и врски, но потајно ги посакувате

Вие важите за безгрижни луѓе кои немаат длабоки чувства и тоа го користите како одбранбен механизам бидејќи не сакате да се зближите со некого. Во исто време, сакате да најдете некој за кој ќе вреди да се потрудите и да ги скршите ѕидовите околу вас. Некој кој нема да се обидува да ве промени ќе биде личноста за која всушност ќе се промените.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јануари 2026: Близнаци - ќе направите љубоморна сцена, само за да го тестирате п... Девици вам ви е поважна хармонијата отколку страста и токму на тој начин и ќе ба...
Љубовен хороскоп за февруари 2026: Близнаци – мора да расчистите со минатото, Бикови – паѓање во иск... Јарци - Пред вас е избор помеѓу сигурна врска и некој што ве интригира, но ...
Љубовен хороскоп за април 2026: Овни - Ако ве привлекува личност што е зафатена, не ја „отпишувајте“... Некои Ракови ќе се осмелат да влезат во паралелна врска овој април, и тоа ќе го ...
Љубовен хороскоп за август 2025: Девици - верувате дека партнерот не ви е верен и ќе правите љубомор... Риби - ако сте во врска, некои од вас преку ноќ ќе решат да прекинат да се гледа...
Љубовен хороскоп за мај 2026: Лавови - оваа пролет сте магнет за користољубиви личности Девици - ве делат граници со некоја драга личност, но време е за врска на далечи...
Годишен хороскоп за 2026: Риби Љубовниот живот на Рибите во 2026 година ќе биде исполнет со силни емоции, но и ...

Најчитани неделава